Германци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло. Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.
Најголемиот број Германци живеат во Германија (75 милиони). Од вкупно 100 милиони зборувачи на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички германци, со што вкупниот број на германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како Германски Американци според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.