Хебрејски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хебрејски јазик עִבְרִית, Иврит |
||
---|---|---|
Изговор: | иврит | |
Зборуван во: | Израел, САД, Аргентина, Германија, Франција, Русија, Велика Британија | |
Вкупно зборувачи: | ||
Јазично семејство: | Семитски јазици Северозападни семитски јазици Хебрејски јазик |
|
Писмо: | Хебрејска азбука | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | нема | |
ISO 639-2: | — | |
ISO 639-3: | — |
Хебрејскиот јазик (עברית) е јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и се зборува од страна на околу 6.000.000 луѓе во Израел и Евреите по светот. Хебрејскиот јазик е официјален јазик на Израел заедно со арапскиот јазик. Современиот хебреиски јазик се кодифицирал во 19 век и како основа бил земен од јазикот на библискиот Танах кој датира од пред околу 3.300 години п.н.е., кој претставувал Свет јазик за Евреите и кој по 2 века престанал да се користи само како јазик за религиозни цели. Голема улога во усовршувањето на хебреискиот јазик има Елиезер Бен-Јехуда. Во 1921 година овој јазик станал официјален јазик на Палестина по англискиот и арапскиот, а по 1948 година, заедно со арапскиот, на Израел.