Никола Тесла
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ги скротив космичките зраци и ги натерав да придвижат машина [1] |
|
Роден(а): | 10 јули 1856 Смиљан, Госпиќ, Австроунгарија |
---|---|
Починал(а): | 7 јануари 1943 Њујорк, Њујорк, САД |
Место на живеење: | Австрија (Австроунгарија) Франција САД |
Етничка припадност: | Србин |
Поле на истражување: | физика, механички инжинеринг и електрична енергија |
Познат(а) по: | наизменична струја, асинхрона машина, ротирачко магнетно поле, бежична технологија |
Значајни награди: | Едисонов медал (АИЕИ, 1916), Златен медал на Елиот Кресон (1893), Медал на Џон Скот (1934) |
Никола Тесла (Смиљан, кај Госпиќ, Лика, 10 јули 1856 - Њујорк, 7 јануари 1943) e генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Роден е во Смилјан, Хрватска, а по потекло е етнички Србин. Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот кон крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.
По неговата демонстрација на бежичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во "Војната на струите", тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник [2]. Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инжинерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, [3] но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан со приматот луд научник.[4] [5] Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.
Единицата во СИ системот за густина на магнетен флукс или магнетна индукција (често нарекувана магнетно поле и обележана со ознака ), во негова чест е наречена Тесла на Conférence Générale des Poids et Mesures во Париз во 1960 година.
Покрај неговата работа во областа на електро-магнетизмот и инжинерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теоретската физика. Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Современите проучувачи на ликот и делото на Тесла го нарекуваат "човекот што го измисли дваесеттиот век"[6] и "светецот-заштитник на модерниот електрицитет."[7]
Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш нема да го добие ова големо признание.
Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија, а исто така и во неговиот трет дом - САД.
[уреди]
[уреди] Белешки
- ↑ Никола Тесла; Бруклин Игл, 10 јули 1931
- ↑ Конгрес српског уједињења - текстот е на англиски.
- ↑ Скротувајќи го тркалото на природата: Теслината наука за енергијата од Томас Валон.
- ↑ Дејвид Хачер Чајлдрес, "Документите на Тесла: Никола Тесла за слободната енергија и безжичниот пренос на струја". Adventures Unlimited Press, 2000.
- ↑ Роберт Ломас, "Есеј," Блесокот на Генијот. Independent Magazine, 21 август 1999.
- ↑ Наслов на биографијата од Роберт Ломас за Тесла.
- ↑ Зајфер, "Волшебник: Животот и времето на Никола Тесла," кратка содржина на делото.
[уреди] Надворешни врски
- Музеј посветен на Никола Тесла во Белград - официјална страница.
- www.nikolatesla150.org Страница по повод 150 години од раѓањето на Тесла.
- Сајт посветен на делата на Тесла.
- Биографија на Никола Тесла на шеесетгодишнината од неговата смрт - збир на статии објавени во различни весници.
- Фељтон посветен на Никола Тесла во Вечерни новости.
- Фељтон во Вечерни новости - "Жените што го љубеа Тесла".