Замбија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Замбија е република во Јужна Африка. Зафаќа површина од 752,600 km², и има 10.462.436 жители. Главен град е Лусака. Независна е од 1964 година. Населението се состои од различни племиња: околу 70 племиња од групацијата Банту 99% – Бемба, Лози, Лунда, Нгони, Тонга и др. Писменост: 81%. Религија: христијани до 70%, другите хиндуисти, муслимани и локални религии. Службен јазик е англискиот. Парична единица: квача. Граници: ДР Конго, Танзанија, Малави, Мозамбик, Зимбабве, Боцвана, Намибија и Ангола. Други градови: Кабве, Китве-Нкана, Луаншја, Марамба, Муфулира, Ндола и Чингола.
Содржина |
[уреди] Географија
[уреди] Релјеф
Целата територија е висорамнина од 800 до 1.400 m н.в., која кон исток достигнува над 2.000 m (пл. Мучинга).
[уреди] Хидрографија
[уреди] Реки
- Замбија (гранична)
- Кафуе
- Луангва
[уреди] Езера
- Бангвеулу (гранично)
- Мверу (гранично)
- Тангањика (гранично)
- Кариба (гранично)
[уреди] Клима
Замбија има претежно тропска клима, влажна со врнежи од ноември до април (околу 1.500 mm годишно). Средна годишна температура 15-27°C.
[уреди] Стопанство
Земјоделска и индустриска земја со значајно рудно богатство (бакар, камен јаглен, олово, цинк, кобалт) и гранки развиени и базирани врз домашните ресурси. Во земјоделството доминираат пченката, оризот, кикиритките, сончогледот и памукот, а во сточарството говедата, козите и свињите. Извонредно значење за стопанскиот развој имаат нафтоводот и железничката линија Тан-Зам (Танзанија – Замбија) кои водат од танзаниското океанско пристаниште Дар ес Салам до Ндола, односно до Лусака. Железницата беше финансирана и изградена од Кина. Постојат три големи (Лусака, Ндола и Марамба) и околу 130 локални аеродроми. Патната мрежа се состои од над 39.000 km патишта (околу 6.000 km асфалтирани).
[уреди] Историја
Населена уште пред милион години, територијата во претколонијалното време била користена за формирање на различни племенски заедници. Во 17 и 18 век биле основани државните формации Бароце и Лунда. Од втората половина на 19 век земјата започнала да потпаѓа под британска колонијална власт, по 1911 година под името Северна Родезија. Ослободителната борба, под водството на Кенет Каунда, била крунисана во 1964 година со прогласувањето на независна Република Замбија. Во новите услови, Замбија се определила за неврзаната политика, а во економски поглед воспоставила тесни врски со Кина. Национализацијата на странските рударски и петролејски компании (започната во 1969 година) предизвикала бранувања и во политичката сфера со големи притисоци од надворешниот фактор. Во 1970 Лусака била домаќин на Третата конференција на неврзаните земји. Големите долгови и нестабилните економски состојби довеле до изборен пораз на Каунда (1991). Земјата започнала да се ориентира кон имплементирање на повеќепартиски систем (процес почнат и порано) и кон приватизација во стопанството.
[уреди] Култура
Иако недоволно проучени, за културните и за уметнички дејности со векови наназад сведочат зачуваните предмети од уметничките занаети и традиционалните танци. Врз база на тие корени, независна Замбија првите чекори на тоа поле ги направила со формирање на танцови групи, подоцна и на театар со забележлива музичка и танцова димензија. Во 1964 година била формирана и литературната асоцијација Група на нови писатели, а биле направени и првите обиди за филмско производство. Првиот замбиски универзитет бил исто така отворен во 1964 година во Лусака.
Земји во Африка |
---|
Алжир | Ангола | Бенин | Боцвана | Брегот на Слоновата Коска | Буркина Фасо | Бурунди | Габон | Гамбија | Гана | Гвинеја | Гвинеја-Бисао | Египет | Екваторијална Гвинеја | Еритреја | Етиопија | Замбија | Западна Сахара | Зелено’ртски острови | Зимбабве | Јужноафриканска република | Камерун | Кенија | Комори | Конго, Демократска република | Конго, Република | Лесото | Либерија | Либија | Мавританија | Маврициус | Мадагаскар | Малави | Мали | Мароко | Мозамбик | Намибија | Нигер | Нигерија | Руанда | Сао Томе и Пренсипе | Сејшели | Сенегал | Сиера Леоне | Сомалија | Судан | Свазиленд | Танзанија | Того | Тунис | Уганда | Централноафриканска република | Чад | Џибути |