Социјалистичка партија на Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) е партија која себеси се карактеризира како партија со лева социјалистичка ориентација, но е поточно ако се каже дека станува збор за партија со социјалистичка ориентација. Нејзин лидер е Љубисав Иванов - Ѕинго.
[уреди] Историја на партијата
СПМ е основана на 22 септември 1990 година. Таа е правен наследник на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија.
Првиот конгрес на Партијата се одржа во jуни 1991 година и на Конгресот беше усвоена Политичка програма и Статут на партијата. Партијата зема учество во првите плуралистички парламентарни избори во 1990 година кога имаше 6 пратеници во Парламентот. На вторите парламентарни избори во 1994 година СПМ освои 8 пратенички места и беше четврта партија според бројот на пратеници во Собранието. Партијата партиципираше во Владата со тројца министри и еден потпретседател на Собранието.
На Вториот конгрес на СПМ кој се одржа во јули 1995 година беше избран нов лидер на Партијата. На местото на првиот претседател и основоположник на Партијата, Киро Поповски, за претседател беше избран Љубисав Иванов - Ѕинго. Неговиот избор за претседател на партијата беше потврден на Третиот конгрес на СПМ во март 2000 година.
По долгогодишното сојузништво со СДСМ, на изборите 2002 СПМ настапи самостојно, освојувајќи 2,1% од гласовите и еден мандат во Собранието на Република Македонија. Подоцна, во декември 2003 година, СПМ стапи во коалиција со Демократска алтернатива и со Демократскиот сојуз, наречена „Трет пат“. По повлекувањето на ДА од коалицијата пред локалните избори 2005, СПМ продолжи да биде во коалиција со ДС, а подоцна овие две партии влегоа во изборниот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапија и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори во Македонското собрание се избрани тројца пратеници од СПМ, и тоа Љубисав Иванов - Ѕинго, Владанка Авировиќ и Зоран Витанов. СПМ е застапена и во Владата на Никола Груевски со еден министер, Ацe Спасеновски, кој е министер за земјоделство.
Во новите предвремени парламентарни избори во 2008, СПМ учествува во коалиција на чело со ВМРО-ДПМНЕ и уште 16 помали политички партии.
Како дел од СПМ делува и нејзиниот подмладок, Млади Социјалисти на Македонија, чиј претседател е Малиша Станковиќ.
[уреди] Раководство на партијата
Претседател: Љубисав Иванов - Ѕинго
Генерален секретар: Љупчо Димовски
Извршен секретар: Владанка Авировиќ