Влада на Република Македонија од 2006
Од Википедија, слободна енциклопедија
На Парламентарните избори 2006, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, а нејзиниот лидер Никола Груевски на 28 Јули доби мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 28 август. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, НСДП, ДОМ, ПЕИ и од ВМРО-Народна партија, со тоа што ВМРО-НП само гласаше за владата, но не стана дел од владината коалиција.
Составот на Владата избран на 28 август е следниот:
- Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) - претседател на владата - премиер
- Трајко Славевски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за финансии
- Миле Јанакиевски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за транспорт и врски
- Гордана Јанкуловска (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за внатрешни работи
- Антонио Милошовски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за надворешни работи
- Вера Рафајловска (НСДП) - министер за економија
- Лазе Еленовски (НСДП) - министер за одбрана
- Живко Јанкуловски (НСДП) - потпретседател на влада
- Љупчо Мешков (ЛПМ) - министер за труд и социјална политика
- Михајло Маневски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за правда
- Габриела Коневска (ВМРО-ДПМНЕ) - потпретседател за евроинтеграции
- Веле Самаковски - министер без ресор
- Зоран Ставревски (ВМРО-ДПМНЕ) - потпретседател за економски прашања
- Аце Спасеновски (СПМ) - министер за земјоделство
- Зоран Коњановски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за локална самоуправа
- Глигор Ташковиќ (ВМРО-ДПМНЕ) - министер без ресор
- Имер Селмани (ДПА) - министер за здравство и потпретседател за спроведување на Рамковниот договор
- Сулејман Рушити (ДПА) - образование и наука
- Илирјан Бекири (ДПА) - култура
- Имер Алиу (ДПА) - екологија
- Аднан Ќахил (ПДТ) - министер без ресор
Во мај 2007 година Партијата за демократски просперитет одлучи да ја прифати понудата на премиерот Груевски да влезе во владината коалиција по што на 18 јуни Собранието на РМ го избра Абдураман Мемети за министер за локална самоуправа на местото на Зоран Коњановски.