Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Социјалистичка Република Македонија - Википедија

Социјалистичка Република Македонија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Знамето на Социјалистичка Република Македонија
Знамето на Социјалистичка Република Македонија

Социјалистичка Република Македонија во минатото беше сојузна република во рамките на СФРЈ. (До 1963 година го носеше името Народна Република Македонија). Во 1991 година прогласи независност под името Република Македонија. Територијата која ја опфаќала СР Македонија, во најголем дел е територијата на Вардарска Македонија. Во текот на своето постоење СР Македонија, загубила свои делови од територијата кои администртативно влегле и денес се наоѓаат во територијата на Србија. Така се до 1947 година манастирот Свети Прохор Пчински каде е одржано првото заседание на АСНОМ, заедно со општините Прешево, Бујановац, Качаник и Витина, административно биле под СР Македонија и учествувале со свои претставници на заседанијата на АСНОМ, за по 1947 овие територии да влезат во составот на СР Србија заедно со уште некои катастарски општини кои припаѓале на Кумановската општина[1].

Содржина

[уреди] Воспоставување на комунистичка власт во НРМ

Види уште Тито и Македонија

Пресметката со учесниците на бунтот на некои воени единици во Скопје и во Штип е повод во македонските работи во почетокот на 1945 година да се вклучи сојузната ОЗН-а.

Македонската ОЗН-а веќе во септември 1944 година во Кавадаречко, Ресенско и во некои други подрачја има стрелано помали групи означени како народни непријатели, но со доаѓањето на сојузната ОЗН-а почнуваат помасовни стрелања без судења во Кумановско, Велешко, Скопско, Тетовско и во Гостиварско.

Дел од поредица статии за
Македонци

Култура
Книжевност · Уметност
Фолклор · Музика · Носии
Кино · Кујна · Спорт

Историја
Национална преродба
Н.О.Б. (1941-1944)
Н.О.Ф. (1945-1949)

Државност
АСНОМ
Н.Р. Македонија (1944-1991)
Р. Македонија (од 1991)

Тематски
Распространетост
Православна Црква
Македонци муслимани
Македонски јазик

п  р  у

Македонија се ослободува кон крајот на 1944. На чело на државата се наоѓа президиумот на АСНОМ со Методија Андонов-Ченто и ред други патриоти интелектуалци. Се планира целосното ослободување на сите делови на Македонија со стапување во врска со тамошните Македонски единици. Македонија е ослободена со исклучиво домашни сили, во соработка со странски мисии. Президиумот има своја политика и Македонски интереси. Македонската војска е пред поаѓање за Солун.

Пречка за нејзино заминување се големите сили и договорот од Јалта, кои не се согласуваат со тоа. Тоа би значело менување на границите на Грција од 1912-1941.

Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито, несакајќи да ги комплицира односите со сојузниците, не се ни обидува да делува на овие одлуки. Стравот од прогласување на независност на Македонската држава е втора но најзначајна причина. Во насока на задушување на Македонските планови, КПЈ инсталира свои кадри, луѓе кои никогаш не биле запознаени и не учествувале во Народно Ослободителната Војна во Македонија. Значи не ни ги познавале условите и идеалите кои ги негувало Македонското раководство. Предводени од Лазар Колишевски следните години го разоруваат раководството и скоро сите членови на президиумот се осудени и отстранети засекогаш.

Тоа е периодот на елиминација на осомничените народни непријатели поради соработка со окупаторот.

[уреди] Борба за власт

Во Македонија почнува борба за власт, која трае некаде до крајот на 1947 година, а што ја води Комунистичката партија. ОЗН-а и служи како инструмент на насилство. На удар на партијата се:

Интелигенцијата доаѓа во судир со власта, бидејќи не ја прифаќа опцијата за решавање на македонското прашање исклучиво во рамките на Југославија. Тие сметаат дека постои историска шанса за обединување на Македонија со помош на САД и на Велика Британија и под нивни протекторат до целосна независност. Припадниците на таа група не биле меѓусебе организациски и политички поврзани, иако имало повеќе изолирани мали кружоци.

Раководството на КП преку ОЗН-а јавното дејствување и искажаните мисли и замисли на тие луѓе, го оквалификува како „непријателско дејствување против народот и државата“. Иако тие заговарале демократизација на политичкиот живот во земјата, воспоставување и други гласила покрај „Нова Македонија“ (тоа го барал на пример Илија Чулев), ним им е судено како на заговорници за „насилно рушење на државата“. Методија Андонов - Ченто на пример е осомничен за намера да пребега во Грција, за таму да формира терористички чети за напад врз властите во југословенскиот дел од Македонија. На тие луѓе им се наместени судски процеси и осудувани се на долгогодишна робија, а некои од нив на смрт. Таков е случајот и со некои гимназијалци, кои, како на пример во Струмица, веднаш се стрелани, а некои други го загубиле животот во затворите.

Поимотните луѓе во градовите и во селата, иако најголем дел од нив го помагал партизанското движење, осудувани се на долгогодишен затвор за да им се земе имотот и да се создаде база на државна сопственост. Така е уништуван економскиот граѓански слој во Македонија и земјата е комплетно пролетаризирана.

[уреди] Црковно прашање

Спорот со православното свештенство избива во врска со прашањето за статусот на Православната црква во новата македонска држава. Македонското свештенство бара автокефална Македонска Православна Црква. Раководството на КПМ ја лансира идејата за Југословенска православна црква, во чии рамки Македонската православна црква би имала автономија. Поаѓајќи од тој став, партијата го осудува барањето на свештениците за автокефална Македонска православна црква прогласувајќи го за сепаратистичко и непријателско кон државата. Бидејќи би се компромитирала ако јавно брани таква политика, партијата преку ОЗН-а и преку нејзините соработници настојува и успева да конструира случаи за компромитација на угледните свештеници во тоа време, тврдејќи дека тие се крадци и неморални, за да може да ги затвори и осуди.

Бидејќи припадниците на интелигенцијата, на економски имотниот слој на градот и на селото и на свештенството не биле меѓусебе политички и организациски поврзани, КП зазема став во најголем дел од судењата на таквите луѓе да се докаже нивна поврзаност со ВМРО на Ванчо Михајлов.

[уреди] Државен терор

Имено, ВМРО како политичка организација на Македонците можеше да биде центар што би прераснал во политички конкурент на КП. Намерата, пак, процесите против опонентите на КП без оглед на кој слој на населението припаѓале, да бидат водени така што ќе се докаже дека обвинетите биле поврзани со ВМРО на Ванчо Михајлов, имала цел осудуваните да ги поврзе со терористичка организација и споменот за ВМРО да остане само спомен за она што било под раководство на Ванчо Михајлов. Специфична непријателска средина партијата утврдила во малцинствата, особено во турското и во албанското малцинство, и спрема тие луѓе е водена политика на елиминација.

Целта на раководството на КП била да создаде општество во Македонија во согласност со ленинистичките принципи на Комунистичката партија. Се барало и интелигенцијата и свештенството да се приспособат на тие принципи и да се елиминира секаква можност на слобода и плурализам во економијата, во политичкиот и во општествениот живот. Паралелно се градеа и институциите на македонската држава, првпат во поновата историја. Но и тој процес и' беше подреден на потребата од комплетна доминација на КП во животот на македонското општество. Затоа беа елиминирани барем половината од оние што ги градеа државата и државните институции. Така на пример, од вкупно 22 члена на Иницијативниот одбор на АСНОМ, 10 члена се изложени на репресија, а од вкупно 22 члена на Президиумот на АСНОМ, 11 се изложени на репресија.

Според првата и единствена официјална "Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија", изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1200 припадници, чие дејствување било насочено кон отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.

Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.

За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот Идризово, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за независна Република Македонија и за идеалите на ВМРО.

Според неофицијални податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2500 политички затвореници.

[уреди] Прва влада на НРМ

Првата Влада на НРМ е формирана на 16 април 1945 година со одлука на Третото заседание на АСНОМ. Нејзин прв претседател беше Лазар Колишевски. Како приоритетни цели во програмата на првата Влада беа посочени: подобрување на здравствената заштита, борба против неписменоста, озаконување на азбуката и правописот на македонскиот литературен јазик, развој на училиштата и формирање универзитет, развој на народно судство, борба против бирократијата и демократизација на органите на народната власт со спроведување слободни и тајни избори.

[уреди] Стопанство

Македонија по Втората светска војна во Југославија влегува како економски најнеразвиена и од војната најопустошена република. Со доаѓањето на комунистичката власт, македонската економија и стопанство почнуваат коренито да се изменуваат и градат во советскиот социјалистички тип на договорена економија т.е. планирано стопанство. Мерките на колективизација и насилната национализација (одземање на приватната сопственост на земјоделското и останатото земјиште на граѓаните) катастрофално ќе се одразат на традиционално добро развиеното македонско село. Во исто време започнува и засилена индустријализација на градовите, со што се предизвикува масовен прилив на селско население во градовите и празнење на селата, чиј ефект се чувствува се до денес. Со изработката на првите петогодишни планови (петолетки) економската состојба и инфраструктура во Македонија почнува да се гради и да напредува со незапирлив подем. Се започнува со електрификација на градовите и селата, а во овој период на индустријализација се градат и најголемите индустриски капацитети. Договореното стопанство во СР Македонија, доаѓа во целосен колапс и пропаст кон крајот на осумдесетите години на XX век, за целосно да крахира со распадот на СФРЈ кога се губат тогашните сигурни пласмани на производите на македонските претпријатија на пазарот во Југославија.

Македонија главно го снабдувала југословенскиот пазар со земјоделски производи, градинарски култури и ран зеленчук, овошје, тутун и цигари, челик за бродоградба, текстилни производи и полуфабрикати кои најчесто биле дофабрикувани во Словенија и Хрватска, а подоцна се извезувале и во странство и се пласирале како словенечки и хрватски производи.

Сепак, Македонија поради разни околности, била во подредена економска положба во однос на поголемите републики особено на Србија. Поради тоа, економскиот развој во Македонија се задржал само во педесетите и шеесетите години на ХХ век, додека во седумдесетите и осумдесетите се забележувале знаци на економска стагнација, додека републики како Словенија, Хрватска и Србија економски напредувале во однос на останатите.

[уреди] Раководство

[уреди] Претседатели на АСНОМ

Видете: АСНОМ

[уреди] Претседатели на Президиумот на Собранието на НРМ

[уреди] Претседатели на Собранието на НРМ (од 7 јули 1963 - СРМ)

[уреди] Претседатели на Претседателството на СРМ

[уреди] Премиери на НРМ/СРМ

[уреди] Видете исто така

[уреди] Белешки

  1. Според книгата „Границите на Република Македонија“ од Славе Димитрија Талевски.

[уреди] Надворешни врски

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com