Северен Кејп
Од Википедија, слободна енциклопедија
Северен Кејп Noord-Kaap Mntla-Koloni |
|
---|---|
Површина | 361,830 km² |
Население | 822,726 |
Јазици: | Африканс (70%) Цвана (20%) Ксхоза (6.5%) |
Раси: | Обоени (51.6%) Црнци (35.7%) Кавкази (12.4%) Азијатци (0.3%) |
Главен град: | Кимберли |
Најголем град: | Кимберли |
Премиер: | Елизабет Дипуо Петерс (АНК) |
Северен Кејп е голема, но ретко населена провинција во Јужноафриканската Република. Таа е создадена во 1994 година, кога провинцијата Кејп беше разделена. Седиште на Северен Кејп е Кимберли.
Оваа провинција го вклучува и меѓуграничниот национален парк Калахари-Гемсбок, кој се простира и во Боцвана. Исто така ги вклучува и водопадите Ауграбис и регионите со рудници за дијаманти во Кимберли и Алекзандер Беј. Регионот Намакваланд (на запад) е познат по намакваландските Бели Ради. Градовите Де Ар и Колсбург (на југ) се дел од Големиот Кару и се главни транспортни јазли меѓу Јоханесбург, Кејптаун и Порт Елизабет. Реката Орање тече низ провинцијата, формирајќи ја границата со провинцијата Фристејт (на југоисток) и со Намибија (на северозапад). Оваа река се користи најмногу за наводнување на многу лозови насади блиску до Апингтон. Таа е мошне важна за оваа сува провинција. Куруман е познат по "окото" на Куруман.
Јужноафрикански провинции |
---|
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт |