Фристејт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Фристејт Vrystaat Foreistata |
|
---|---|
Површина | 129,480 km² |
Население | 2,706,776 |
Јазици: | Сото (62%) Африканс (14%) Ксхоза (9.5%) |
Раси: | Црнци (88.0%) Кавкази (8.8%) Обоени (3.1%) Азијатци (0.1%) |
Главен град: | Блумфонтејн |
Најголем град: | Блумфонтејн |
Премиер: | Беатрис Маршоф (АНК) |
Фристејт (англиски: Free State) е провинција во Јужноафриканската Република. Претходното име на оваа провинција било Оринџ Фристејт (Orange Free State). Седиште на Фристејт е Блумфонтејн, кој е исто така и судскиот главен град на ЈАР. На 9 јуни, 1995 година, името на провинцијата беше сменето од Оринџ Фристејт во Фристејт. Сегашните граници на Фристејт се од 1994, кога Бантустанците беа приклучени кон провинциите на Јужна Африка.
Фристејт е сместен на рамнина, во срцето на Јужноафриканската Република. Почвата е плодна, а климата поволна, дозволувајќи солиден развој на земјоделска индустрија. Провинцијата е позната како "корпата за леб" на ЈАР, бидејќи постојат над 30.000 фарми кои произведуваат преку 70% од вкупното производство на пченица во земјата. Во овој дел од ЈАР се наоѓаат некои од најпродуктивните рудници за злато и дијаманти во светот.
Јужноафрикански провинции |
---|
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт |