Мпумаланга
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мпумаланга | |
---|---|
Површина | 79,490 km² |
Население | 3,122,994 |
Јазици: | Свати (30.8%) Зулу (26.4%) Ндебеле (12.1%) Сепеди (10.8%) |
Раси: | Црнци (92.4%) Белци (6.5%) Обоени (0.2%) Азијатци (0.2%) |
Главен град: | Нелспруит |
Најголем град: | Нелспруит |
Премиер: | Табанг Макветла (АНК) |
Мпумаланга (чиешто географско преименување од Источен Трансвал се случи на 24 август, 1995) е провинција во ЈАР. Името значи "место кадешто изгрева Сонцето" на јазикот Зулу. Мпумаланга лежи во источна ЈАР, северно од Натал и граничи со Свазиленд и Мозамбик. Таа е 6.5% од вкупната површина на ЈАР. На север граничи со Лимпопо, а на запад со Фристејт и Гаутенг. Главен град е Нелспруит. До 1994 Мпумаланга беше дел од провинцијата Трансвал.
Дракенсберг ја дели Мпумаланга на западна половина која се состои главно од тревни површини, опфатени со името Хајвелд и источна половина која се наоѓа на ниска алтитуда. Јужната половина на Кругерскиот национален парк е сместена во источната половина на Мпумаланга.
Јужноафрикански провинции |
---|
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт |