Натал
Од Википедија, слободна енциклопедија
Натал | |
---|---|
Површина | 92,100 km² |
Население | 9,426,019 |
Јазици: | Зулу (80.6%) Англиски (13.6%) Ксхоза (2.3%) Африканс (1.5%) |
Раси: | Црнци (85.3%) Азијатци (8.5%) Белци (4.7%) |
Главен град: | Питермарицбург |
Најголем град: | Дурбан |
Премиер: | С‘бу Ндебеле (АНК) |
Натал или КваЗулу-Натал е провинција во Јужноафриканската Република. До 1994, оваа територија била составена од провинциите Натал и Бантустан. Порано регионот бил нарекуван Наталија, а подоцна бил преименуван во Наталска Колонија. Натал е познат како градинска провинција и е дом на зулуската нација. Се протега од границите со Свазиленд и Мозамбик, па сè до Источниот Кејп на југ. Малата држава Лесото исто така граничи со оваа провинција на запад.
[уреди] Географија
Провинцијата има три различни географски области: нискиот регион долж брегот на Индискиот Океан, рамнините во централниот дел и двете планински области - Дракенсберг и планините Лебомбо на север. Реката Тугела тече од запад кон исток преку центарот на провинцијата.
Просечната температура во провинцијата варира од 17° до 28° C од октомври до април и од 11° до 25° C во поладните месеци. Годишните врнежи на дожд се околу 690 mm, паѓајќи во текот на целата година.
Јужноафрикански провинции |
---|
Гаутенг - Западен Кејп - Источен Кејп - Лимпопо - Мпумаланга - Натал - Северен Кејп - Северозапад - Фристејт |