See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Македонци-муслимани - Википедија

Македонци-муслимани

Од Википедија, слободна енциклопедија

Македонците по националност со исламска вероисповед, говорат на македонски јазик и се познати под повеќе различни имиња, но нема сомнение дека тие се Македонци по националност, и нераскинлив и неделив дел од македонскиот народ.

Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш национален симбол на Македонскиот народ (се користи  и од повеќе организации на Македонците муслимани)
Шеснаесет-зрачното сонце од Кутлеш национален симбол на Македонскиот народ (се користи и од повеќе организации на Македонците муслимани)

Содржина

[уреди] Бројност и застапеност во региони

Бројноста на Македонците муслимани во Македонија се движи од 100000 до 150000 луѓе. Највеќе се населени во Долна Река (поранешната Општина Ростуше), Торбешијата (Скопско), повеќе села во Струшко (поранешната Општина Лабуништа), Општина Центар Жупа и поширокиот Дебарски регион, Општина Пласница, Општина Долнени, Битолско (во повеќе села од поранешната општина Бистрица), селото Велешко итн. Македонците со исламска вероисповед се исто така мнозинство и во македонските етнички територии надвор од границите на Република Македонија, особено во областите Гора (во Косово и Албанија) и Голо Брдо (во Албанија).

Во некои случаи за оваа категорија луѓе се користат термините торбеши, горанци, помаци, аповци или потури.

Терминот торбеши има негативна и погрдна конотација. Има неколку теории за настанокот на името од кои најпознати се дека поради маките од Турците овие луѓе ја ставиле главата во торба (и преминале во исламот) и дека ја продале својата христијанска вера за торба сирење.

Покрај името Торбеши кое е општоприфатено (но сепак погрешно и погрдно) за Македонците муслимани во разни краишта постојат разни имиња. За Македонците муслимани и од областа Гора се користи името Горанци, за Македонците муслимани од Пиринска Македонија (Невропкопско) се користи името Помаци, во Кичевско се користи името Аповци од турскиот збор „апо“ што значи браќа, а во некои краишта во источна Македонија се користи и името Потури кое пред се има погрда конотација.

Поради тоа што овие луѓе се Македонци, нивните здруженија и организации постојано апелираат да се престане со употребата на разните имиња (кои често имаат погрдно значење) и за нив да се користи само името Македонци бидејќи тоа и се.

[уреди] Етнографски карактеристики

Според регионите во кои живеат Македонците муслимани се нарекуваат со различни имиња. Главна карактеристика за сите нив е што го зборуваат македонскиот јазик во дијалектна форма според регионот во кој живеат. Но сепак поради различноста на регионите во кои живеат секоја група има задржано свои специфични етнолошки карактеристики. Според тоа македонците муслимани можат да се поделат на следниве категории:

[уреди] Историја

Првите податоци за исламизирањето во Македонија датираат некаде од средината на XV век. Отпрвин примањето на исламот било доброволно и најчесто во ислам преминувале оние луѓе кои имале големи имоти и кои биле побогати со цел да ги зачуваат своите имоти и богатства од одземање од страна на Турците. Со примањето на исламот на побогатите Македонци, Турците отпрвин сметале дека тоа ќе послужи за пример на останатото население во Македонија да ја прими исламската вера. Подоцна откако доброволното примање на исламот земало многу мали размери, Турците започнале и со насилна исламизација на македонското население која се остварувала или преку директно исламизирање или преку принуда најчесто со киднапирање на женски членови на семејствата, ослободување од плаќање на даноци итн. Македонците муслимани иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијанска црква кога се има болно дете, а во некои куќи на Македонци муслимани сеуште се чуваат православни икони итн.).

[уреди] Актуелни состојби

Во поново време (особено во текот на 90-тите години на ХХ век и во денешницата) Македонците со исламска вероисповед се предемет на напади на големонационалистичките апетити и проганди особено од страна на Албанци, а во помала мера и на Бошњаците, Турците и Србите. Во последно време се поголеми и пожестоки се притисоците и на Бугарите, особено во областите Гора и Голо Брдо, врз Македонците муслимани со цел тие да се претстават како “Бугари„. Во косовскиот дел на Гора постои здружение на Бугари-мохамедани (муслимани). Во најново време во Република Македонија, се забележуваат тенденции за одделување на Македонците-муслимани од македонската национална целост и конституирање во посебна етничка група наречена „Торбеши“. Оваа тенденција е поддржувана и пропагирана од страна на пратеникот и бизнисмен Фијат Цаноски и неговата политичка партија ПЕИ.

Организациите на Македонците муслимани жестоко реагираат (особено г-дин Исмаил Бојда) преку повеќе написи во весниците и јавноста поради притисоците вршени од страна на Албанците во западна Македонија да се попишуваат како Албанци, заведувањето со албански имиња и презимиња во матичните книги во повеќе општини, насилното воведување на албански јазик во училиштата итн. Исто така во јавноста се почесто и погласно остро се реагира на сепаратистичките и однародувачките тенденции на овој дел од македонскиот народ кои се поддржуваат од пратеникот Фијат Цаноски и неговата партија ПЕИ.

Истотака организациите на Македонците со исламска вероисповед реагираат на тоа дека под разни околности Македонците муслимани на пописите се попишуваат како Турци или Албанци и бараат поголема грижа на државата за овие луѓе. Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на последното собрание (одржано во Скопје, 2006 година), достави барања до државата за поголема грижа кон овие луѓе и усвои програма за помош и поддршка на Македонците муслимани.

Македонците муслимани од Гора во Косово официјално побараа да бидат вклучени во новиот предлог за уредувањето на Косово како посебна македонска национална заедница, со загарнитирани најмногу 9, а најмалку 3 пратенички места, со овозможено образование на мајчин македонски јазик и давање на културна автономија на областа Гора.

[уреди] Познати личности

  • Нијази Лиманоски, историчар и борец за националното обединување на Македонците без разлика на верската припадност
  • Исмаил Бојда, водач на организација на Македонците муслимани, борец за националното обединување на Македонците и борец против притисоците врз Македонците муслимани
  • Саме Лимани - Жарноски, поет
  • Фијат Цаноски, политичар и бизнисмен, актуелен пратеник во Собранието на РМ
  • Велија Рамковски, политичар и бизнисмен
  • Латиф Пајкоски, политичар и поранешен пратеник во Собранието на РМ
  • Бајрам Требишки, книжевник

[уреди] Надворешни врски

http://fr.wikipedia.org/wiki/Image:BAJRAK.BALKAN.png


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -