Web Analytics

See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Ирачка војна - Википедија

Ирачка војна

Од Википедија, слободна енциклопедија

Ирачката војна започна на 20 март 2003 година и трае до денес. Завојувани страни се: од една страна САД, Британија, нивните сојузници и новосоздадената ирачка војска, а од друга страна, во првата фаза од војната, војската на Садам Хусеин, а во втората фаза - разни фракции на ирачки герилци.

Содржина

[уреди] Кризата околу Ирак

Уште од времето на Заливската војна, Ирак беше принуден да соработува со Обединетите Нации во однос на уништувањето на своето оружје за масовно уништување. Прашањето со оружјето за масовно уништување во Ирак се актуелизира неколку месеци по нападите од 11 септември 2001 година. Американската влада почна да инсистира дека Ирак сè уште поседува оружје за масовно уништување и дека поради тоа претставува закана за светскиот мир. Истовремено, од летото 2002 година американски и британски авиони почнаа да вршат бомбардирања во зоните за забранети летови. Подгревајќи ја воената атмосфера, Конгресот на САД на 16 октомври усвои Одобрение за употреба на воена сила. ОН беа принудени да испратат нови инспектори за да ја утврдат основаноста на американските обвинувања. Новата мисија инспектори, предводени од Ханс Бликс, започна со работа на 18 ноември 2002 и покрај сите инспекции, не можеа да утврдат постоење на оружје за масовно уништување.

И покрај тоа, како и покрај тоа што не успеа да го убеди Советот за безбедност на ОН да одобри воена акција против Ирак, САД на 17 март 2003 упати ултиматум до Садам Хусеин да го напушти Ирак и, по неговото одбивање да го направи тоа, на 20 март ја започна инвазијата врз Ирак. Постапувајќи на таков начин, САД и неговите сојузници ја прекршија Повелбата на ОН. Тоа го потврди и тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, кој во својата изјава од 16 септември 2004 година изјави за инвазијата: „Посочив дека таа не е во согласност со Повелбата на ОН. Од наша гледна точка, од гледна точка на Повелбата, таа беше нелегална.“

[уреди] Инвазијата врз Ирак

Инвазијата врз Ирак траеше од 20 март до 1 мај 2003 година. Тоа беше судир помеѓу американските и британските инвазиски сили и војската на Садам Хусеин. При тоа, инвазиските сили соработуваа и со курдските бунтовници на северот од земјата.

Инвазијата се одвиваше од југот на земјата при што инвазиските сили навлегоа во Ирак од Кувајт. Нападот од север не можеше да се оствари, бидејќи Турција, НАТО партнерот на САД и Британија, одби да им овозможи на инвазиските сили да нападнат преку нејзина територија.

Инвазиските сили брзо напредуваа кон Багдад, кој падна на 9 април 2003 година. Потоа отпорот беше значително послаб и на 1 мај 2003 Џорџ Буш прогласи крај на главните воени операции.

[уреди] Окупација на Ирак

Соборувајќи го режимот на Садам Хусеин, сојузничките сили ја започнаа окупацијата на Ирак, најавувајќи дека по одреден период ќе и' ја предадат власта на новата ирачка влада што ќе се формира. И покрај објавата на Буш дека војната е завршена, многу брзо окупациските сили забележаа пораст на нападите врз нив, особено во т.н. „Сунитски триаголник“. На почетокот отпорот го предводеа лојалистичките сили на Садам Хусеин, но набрзо на отпорот му се приклучија разни религиозни групации и Ирачани незадоволни од наметнатата окупација и режимот што беше воведен. Окупацијата на Ирак од страна на САД, Британија и нивните сојузници официјално траеше до 28 јули 2004 кога власта ѝ е предадена на Привремената влада, но странските сили сè уште се присутни во земјата и ја имаат вистинската власт.

Војната помеѓу окупациските сили, заедно со новосоздадената ирачка војска, и разните фракции на ирачки герилци сè уште трае со несмален интензитет.

Окупациските сили сè уште немаат пронајдено оружје за масовно уништување, што беше главното оправдување за започнување на нападот врз Ирак.

[уреди] Меѓународни реакции на Ирачката војна

Според испитувањата на јавното мислење, војната беше непопуларна уште од почетокот во речиси сите земји кои испратија свои војници како дел од окупациските сили во Ирак, сметајќи ја војната како контрапродуктивна, несоодветна, па дури и нелегална. Во САД на почетокот војната имаше поддршка, но од летото 2005 и мнозинството од американската јавност не смета дека војната беше исправен потег.

Војната не ја поддржаа ниту неколку клучни НАТО партнери на САД и Британија, како Франција, Германија и Турција, а значителен број држави сојузнички на САД и Британија кои на почетокот од војната испратија свои војници во Ирак, подоцна ги повлекоа своите контингенти, поради острите реакции на домашната јавност.

[уреди] Македонија и Ирачката војна

Владата на Република Македонија и политичките партии на власт и во опозиција ја поддржуваат интервенцијата уште од самиот почеток. Како резултат на таа политика, Република Македонија од 1 јуни 2003 година учествува во мултинационалните сили во Ирак со контингент од 30-тина војници. Критиките на македонското учество во Ирачката војна се сведени на минимум, а општото мислење е дека македонското учество ги зголемува шансите за земјата да стане членка на НАТО.

[уреди] 5 години од почетокот на Ирачката војна

На петгодишнината од почетокот на Ирачката војна (20. март 2008.), Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека војната во Ирак имала висока цена, но и дека испраќањето нови американски војници отворило пат кон голема победа. Буш констатира дека успехот во Ирак е неспорен, a достигнувањата на американските војници отвориле и врата кон голема стратешка победа во војната против тероризмот.[1]

Во меѓувреме, многу странски медиуми ја оценија војната како неуспех, кој донел стотици илјади цивилни жртви, епидемија од самоубиствени напади и отсуство на демократија, додека позицијата на соседен Иран е значително засилена.[2] Во анкета што по повод петгодишнината на војната ја направија меѓу Ирачаните неколку угледни светски ТВ компании, 55% од луѓето во Ирак велат дека сега во земјата се живее подобро, отколку пред соборувањето на Садам Хусеин.[3]


[уреди] Надворешни врски

[уреди] Референци

Static Wikipedia (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -

Static Wikipedia 2006 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu

Static Wikipedia February 2008 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu