Ерик Ериксон
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ерик Хамбургер Ериксон (15 јуни 1902 – 12 мај 1994) e развоен психолог и психоаналитичар попознат по теоријата за социјален развој на човекот (која уште се нарекува и егопсихолошка или епигенетичка) и создавање на фразата „криза на идентитет“. Неговото име се сврзува и со поимите идентитет и конфузија на улоги/идентитет. Автор е на психобиографски студии за познати личности: Максим Горки, Адолф Хитлер и др. Се мисли дека е најважен его-психолог исто така и најважен психоаналитичар после Фројд.
Потеклото на Ериксон е мистериозно. Роден е во близина на Франкфурт, Германија. Неговиот биoлошки татко е анонимен дански војник, а неговата мајка е Eврејка. Таткото на Ериксон ја напуштил неговата мајка пред да се роди Ериксон. Подоцна таа се мажи за Д-р Теодор Хомбергер, педијатарот на Ерик и се селат во јужна Германија.
Извесно време студирал сликарство. Едукацијата во Виенскиот психоаналитички институт под раководство на Ана Фројд ја завршил во 1933 година. Потоа со сопругата заминал за САД каде што работи како практичар. Соработувал со Харвардската психолошка клиника. Подоцна работел и во други клиники и центри за заштита на менталното здравје и во неколку универзитети (Јејл и Беркли). Наставната кариера ја завршил на Харвардскиот универзитет како професор курс за човековиот развој. Извршил две теренски истражувања за американските Индијанци.
Голема иновација на Ериксон е постулирањето на осум фази на развој за разлика од Фројд кој навел пет фази на развој. Ериксон за обработува гениталната фаза кај Фројд во адолесцентна плус додава три фази на возрасно (зрело) доба.
За негово најголемо дело се смета „Детството и општеството“ (првото издание e печатено во 1950, а второто е печатено во 1963).