Видое Смилевски - Бато
Од Википедија, слободна енциклопедија
Видое Смилевски - Бато | |
македонски револуционер, народен херој и државник | |
Роден | Видое Смилевски 14 август, 1915 с. Никифорово, Гостиварско |
---|---|
Починал | 8 септември, 1979 Скопје |
Видое Смилевски - Бато (14 август, 1915, с. Никифорово, Гостиварско - 8 септември, 1979, Скопје) е истакнат македонски револуционер, народен херој, општествено-политички работник, партиски деец и државник. Пред Втората светска војна работел како банкарски службеник. Учествувал во НОВ од 1941 година вршејќи одговорни функции во Белград, Лесковац, Врање, Пирот, а бил инструктор на КПЈ за Србија. Во јули 1944 се вратил во Македонија и ги извршувал функциите: секретар на Обласниот партиски комитет во Скопје и член и секретар на ЦК КПМ. По ослободувањето од нацистичката окупација се наоѓал на повеќе високи партиски функции. Освен партиската активност се истакнал и во извршувањето на повеќе државни функции: потпретседател на Владата на НРМ, претседател на президиумот на Народното собрание на НРМ и член и претседател на Претседателството на СРМ. Извршувајќи ја оваа должност, умрел на 8 септември 1979 година во Скопје.
Според многу сведоштва, Видое Смилевски - Бато, имал изразени просрпски и пројугословенски ставови во однос на уредувањето на повоената ослободена македонска држава, за што и Методија Андонов - Ченто се спротиставил за неговото кооптирање за член на АСНОМ од страна на КПМ.
[уреди] Видете исто така
Претседатели на Собранието на Република Македонија | |
Андонов - Ченто | Спиров | Несторов | Стојанов - Мире | Колишевски | Колишевски | Арсов | Смилевски - Бато | Хаџивасилев - Јасмин | Минчев | Талески | Талески | Станковски | Станковски | Лахтова | Младеновски | Старова | Андов | Андов | Петковски | Климовски | Андов | Поповски | Јордановски | Георгиевски |