Никола Поповски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Поповски (роден на 24 мај 1962 година во Скопје) е македонски политичар.
Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на него на тема “Економски основи на информациското општество”.
Од 1992 до 2002 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија, координатор на пратеничката група на СДСМ, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур. Во 1993 година е шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претседател на собраниските комисии за надворешна политика, екологија, млади и спорт и за финансирање и буџет.
Од 3 октомври 2002 до 7 ноември 2003 година ја врши функцијата претседател на Македонското собрание. На 7 ноември 2003 година станува член на Владата и министер за финансии.
Претседатели на Собранието на Република Македонија | |
Андонов - Ченто | Спиров | Несторов | Стојанов - Мире | Колишевски | Колишевски | Арсов | Смилевски - Бато | Хаџивасилев - Јасмин | Минчев | Талески | Талески | Станковски | Станковски | Лахтова | Младеновски | Старова | Андов | Андов | Петковски | Климовски | Андов | Поповски | Јордановски | Георгиевски |