Мито Хаџивасилев - Јасмин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мито Хаџивасилев - Јасмин | |
македонски револуционер, новинар и политичар | |
Роден | Мито Хаџивасилев 21 декември, 1922 Кавадарци |
---|---|
Починал | 1 август Макарска, Хрватска |
Мито Хаџивасилев - Јасмин (21 декември 1922, Кавадарци - 1 август 1968, Макарска, Хрватска) е македонски револуционер, првото перо на македонското новинарство и публицистика, и државник. Студирал на Правниот факултет во Белград. Бил член на МК на КПЈ за Македонија, секретар на СКОЈ во Кавадарци, член на Вториот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Третата оперативна зона и на Втората бригада и член на Областниот комитет на НОО во Битола. По ослободувањето бил главен уредник на „Нова Македонија“, прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија, член на ИК на ЦК СКМ, Претседател на Собранието на Македонија со едногодишен мандат од 12 мај, 1967 г. Неговата богата публицистичка и теоретска дејност е собрана и објавена во неколку томови.
Учествува во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден е од првите главни и одговорни уредници на весникот Нова Македонија.
[уреди] Види уште
Претседатели на Собранието на Република Македонија | |
Андонов - Ченто | Спиров | Несторов | Стојанов - Мире | Колишевски | Колишевски | Арсов | Смилевски - Бато | Хаџивасилев - Јасмин | Минчев | Талески | Талески | Станковски | Станковски | Лахтова | Младеновски | Старова | Андов | Андов | Петковски | Климовски | Андов | Поповски | Јордановски | Георгиевски |