Претседател на Собранието на Република Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Претседателот на Собрание на Република Македонија е главниот раководител на Собранието на Република Македонија.
Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години.
Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието.
Моментален претседател на Собранието на Република Македонија е Љубиша Георгиевски.
Содржина |
[уреди] Потпретседатели
Потпретседателите на Собранието му помагаат на претседателот на Собранието во вршењето на неговата функција и го заменуваат во случај на одсутност или спреченост. Потпретседателите на Собранието се избираат од редот на пратениците и нивниот мандат трае четири години.
Моментални потпретседатели на Собранието се Благој Зашов и Бесим Догани.
[уреди] Претходни претседатели на Собранието на Република Македонија
[уреди] Од осамостојувањето
- Љупчо Јордановски (2003 - 2006)
- Никола Поповски (2002 - 2003)
- Стојан Андов (2000 - 2002)
- Саво Климовски (1998 - 2000)
- Тито Петковски (1996 - 1998)
- Стојан Андов (1991 - 1994, 1994 - 1996)
[уреди] Пред осамостојувањето
- Д-р Вулнет Старова (1986 - 1991)
- Станко Младеновски (1985 - 1986)
- Ката Лахтова (1984 - 1985)
- Бошко Станковски (1983 - 1984)
- Бошко Станковски (1982 - 1983)
- Благоја Талески (1978 - 1982)
- Благоја Талески (1974 - 1978)
- Никола Минчев (1968 - 1974)
- Мито Хаџивасилев - Јасмин (1967 - 1968)
- Видое Смилевски - Бато (1963 - 1967)
- Љупчо Арсов (1962 - 1963)
- Лазар Колишевски (1958 - 1962)
- Лазар Колишевски (1953 - 1958)
- Димче Стојанов - Мире (1951 - 1953)
- Д-р Димитар Несторов (1947 - 1951)
- Д-р Борис Спиров (1946 - 1947)
- Методија Андонов - Ченто (2 август 1944), Претседател на Президиумот на АСНОМ
[уреди] Извори
Претседатели на Собранието на Република Македонија | |
Андонов - Ченто | Спиров | Несторов | Стојанов - Мире | Колишевски | Колишевски | Арсов | Смилевски - Бато | Хаџивасилев - Јасмин | Минчев | Талески | Талески | Станковски | Станковски | Лахтова | Младеновски | Старова | Андов | Андов | Петковски | Климовски | Андов | Поповски | Јордановски | Георгиевски |