Совет на Европа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на правата на човекот и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбург, Франција.
Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.
Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската Конвенција за заштита на Човековите пРава и Основните Слободи.
Содржина |
[уреди] Основање
Советот на Европа е основан на 5 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската Конвенција за Правата на Човекот и други нормативни текстои за заштита на индивидите
[уреди] Држави членки
Советот на Европа има навистина пан-европски карактер, составен од:
- 47 земји членки
- 1 земја кандидат - Белорусија
- 5 земји набљудувачи - САД, Канда, Јапонија, Мексико и Ватикан
[уреди] Цели
- заштита на Човековите Права, плуралистичката демократија и владеење на правото;
- промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост;
- наоѓање на заеднички решенија на проблемите во Европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца;
- консолидирање на демократска стабилност во Европа преку подршка на политички, правни и уставни реформи;
[уреди] Органи
Главните органи на Советот на Европа се:
- Комитет на Министрите
- Парламентарната Асамблеја
- Конгресот на локални и регионални власти
- Европски Суд за права на човекот
- Секретаријат
[уреди] Буџет
Буцетот на Советот на Европа за 2007 година изнесува 197 214 100 евра.
[уреди] Официјални јазици
Советот на Европа има два официјални јазика - англиски и француски, но германскиот, рускиот и италијанскиот исто така често се користат иако не се официјални. Некои документи на Советот се пишуваат и на други европски јазици.