Роглевска тврдина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роглевската тврдина се наоѓа на месноста Кукана 250 м висок рид (470 м н.м.). 1 км северно од селото Рогле, Тетово, што од југ ја наткрилува теснината на рекичката Фуш. Низ теснината се пробива магистралниот пат Скопје — Полог — Охрид (античкиот пат Скупи — Лихнид). Од ридот се контролира овој пат многу километри на запад и исток и во теснината може лесно да се блокира.
Содржина |
[уреди] Изглед
Пред источното лице на кастелот се протега гранична камена преграда, наречена денес „Марков Ѕид”. Долга е повеќе километри — до Бојане и до падините на Жеден на север и до Раович и масивот на Сува Гора на југ. Преградата (клаустра) е свртена со лицето на исток, кон Скопското Поле и се совпаѓа со граничната линија меѓу провинциите Дарданија и Превалитана. Задачата и била да ги блокира сите споредни гранични премини на тој простор.
[уреди] Наоди
[уреди] Најстари остатоци
На врвот од Кука во доцноантичко време бил подигнат кастел со големина од 120 х 90 м (0,7 ха). Обѕидието е градено во цврст малтерен слог, со три кули на аглите. Во средината доминира голема базилика со мозаичен под (5.—6. век). Најдени се монети од доцниот 4., 5. и 6. век, потоа печки за топење на бакар и боење на стаклени мозаични тесели со хромни оксиди.
[уреди] Средновековни остатоци
Меѓу површинските наоди регистриравме и неколку средновековни предмети: византиски монети — бакарни скифати од 12.—13. век; тока за ремен, дел од бронзен крст — енколпион и прстен (10.—12. век); железни врвови за стрели за пробивање оклоп.
[уреди] Намена
Очигледно е дека оваа стратешки многу значајна крепост била користена низ целото средновековие, демнејќи го магистралниот пат од Скопје кон Полозите и граничните премини кон српските земји на северозапад како и кон Охрид на југозапад.
Арангел • Банско • Белица I • Белица II • Битола • Будинарци • Бучин • Валандово • Варош • Велес • Виница • Вирче • Водно • Габрово • Годивје • Горна Бањица • Градец • Градиште • Граиште • Дебар • Дебреште • Девич • Демир Капија • Десово • Долна Лешница • Долно Ореово • Драмче • Дреново • Евла • Железнец • Живојно • Заград • Згратчани • Звегор • Здуње • Злетово • Зовик • Зрзе • Ижиште • Јегуновце • Калиште • Канарево • Кичево • Кожле • Конче • Коњух • Костурино • Крупиште • Лешок • Луковица • Манастир • Маркова Сушица • Матка • Младо Нагоричане • Мордиште • Мородвис • Опила • Ораше • Охрид • Песочани • Подвис • Прилепец • Радовиш • Ресава • Рогле • Скопје • Сопот • Србиново • Стенче • Стење • Стрежево • Струмица • Теово • Трескавец • Црешка • Чучер • Шопур • Штип