Марков Град
Од Википедија, слободна енциклопедија
Марков Град е тврдина - укрепен манастир и збег која лежи на северниот крај на долгата клисура на Треска, 2 км југоисточно од Матка, близу Скопје. Претставува стрмен гребен на источните падини на планината Осој, 380 м високо над реката и 860 м н.м. Опколена е со многу стрмни карпести гребени и раседлини. Има пристап само по една тесна патека од североисток. Местото е скриено со повисоки карпи од сите страни и има поглед на теснецот на реката и тешката комуникација низ теснецот.
Содржина |
[уреди] Најстари остатоци
Во доцноантичко време местото било укрепено: ѕид од камен и малтер, широк 1,6—1,9 м, го опфаќал зарамнетиот врв и карпестиот гребен над него, каде што се издигала издвоена акропола. Укрепениот простор мермел 160 х 115 м (1,5 ха). Преку сондирање е истражуван станбениот слој; содржел парчиња од доцноантичка керамика и една монета од V век. Местото служело како непристапен збег.
[уреди] Средновековни остатоци
Акрополата на стариот збег била обновена во XIV век: тука е изградена црквата на Св. Недела и северно од неа две манастирски градби. Новото обѕидие денес е добро сочувано на западната страна (со порта) и од север и североисток. Евидентна е бројна доцносредновековна грнчарија (од манастирската трпезарија и магацините). Начинот на градењето на црквата и остатоците од ѕидното фрескосликарство упатуваат на доцниот XIV век, како и црквата на Св. Андреја во подножјето на гребенот, на работ на денешното акумулационо езеро.
Во доцното средновековие позначајните манастири во Источниот Медитеран (на Света Гора — Атос, во Мала Азија, Сирија, Палестина, Синај, Грција), биле мета на чести ограбувачки напади како на воени одреди на нехристијанските земји така и на христијанските. По битката на Марица (1371) и на Косово (1389), кога турските одреди упаѓаат во македонските краишта пред конечната и целосна окупација, повеќе македонски манастири биле укрепени (Зрзе, Трескавец, Св. Горг кај Скопје). Веројатно тогаш и Матка станала крепост и збег за околината.
[уреди] Наводи
- В. Лилчиќ 1985, 185—196, и 1995, 1—153.
[уреди] Видете исто така
- Св. Андреја
- Марково Кале
- Маркови Кули
- Марков манастир
- Крале Марко
- Матка
[уреди] Надворешни врски
Давина Кула • Марков Град • Маркови Кули (Водно) • Маркови Кули (Кожле) • Марково Кале • Скопско кале
Арангел • Банско • Белица I • Белица II • Битола • Будинарци • Бучин • Валандово • Варош • Велес • Виница • Вирче • Водно • Габрово • Годивје • Горна Бањица • Градец • Градиште • Граиште • Дебар • Дебреште • Девич • Демир Капија • Десово • Долна Лешница • Долно Ореово • Драмче • Дреново • Евла • Железнец • Живојно • Заград • Згратчани • Звегор • Здуње • Злетово • Зовик • Зрзе • Ижиште • Јегуновце • Калиште • Канарево • Кичево • Кожле • Конче • Коњух • Костурино • Крупиште • Лешок • Луковица • Манастир • Маркова Сушица • Матка • Младо Нагоричане • Мордиште • Мородвис • Опила • Ораше • Охрид • Песочани • Подвис • Прилепец • Радовиш • Ресава • Рогле • Скопје • Сопот • Србиново • Стенче • Стење • Стрежево • Струмица • Теово • Трескавец • Црешка • Чучер • Шопур • Штип