Китино кале
Од Википедија, слободна енциклопедија
Китино кале е тврдина - археолошки локалитет во Кичево, Република Македонија. На локалитетот досега не се вршени систематски испитувања. Сознанијата за овој дел од градот на локалното население говорат дека тврдината опстојувала во праисторијата, а со тоа се потврдува мислењето дека тоа е најстара населба во градот.
Историја Тврдината (во облик во кој постоела до пред помалку од 150 години) датира од Стар Рим.Податоци за постоењето на Кичево (како Кичавис) добиваме од византискиот император Василиј II.Во тоа време градот бил доста добро утврден и претставувал значаен воено-административен и трговски центар на Самуиловото царство.Се знае дека тука претстојувал и српскиот цар Урош II. Во 1282-1295 за време на војните помеѓу Византија и Србија српскиот крал [Милути]го освојува Кичево.Тогаш конечно византиските војски го напуштаат градот. Под српска власт останува се до 1385 кога го заземаат Турците.Името Китино кале го добива по Кита,сестрата на Крале Марко која живеела во дворецот на Калето. Кичево во ова време го викале и Китинград. Градот го заземаат Турците во 1385 година. Китино Кале потоа служи како седиште на турските власти. Подоцна (околу 1850) ја губи својата улога и е напуштено, по што на околното население му е дозволено да го користи каменот од тврдината за да гради објекти.
Карактеристики Слика:kitino kale-stara.jpg|thumb|right|250px|Калето некогаш]] Се претпоставува дека тврдината (со градот околу) имале три бедеми и неколку квадратни кули. Надворешниот, го окружувал градот. Двете останати служеле за одбрана. Последното ниво било каде што денес се наоѓа спомен костурницата. Таму бил и дворецот. Од овие бедеми се откриени двата внатрешни, кои не се проучени. Третиот не се знае каде е. Портата на последното ниво и денес малку се познава и е на скалите пред паркчето.Тука сеуште стои една од кулите. При градењето на спомен костурницата, голем дел од тој дел е уништен. Тогаш се најдени и пари од времето на Александар Македонски и Јустинијан како и од времето на кралот Волкашин.Останатиот дел е релативно сочуван и се наоѓа под земја.
Делот од градот кој се наоѓа под калето и е една од старите населби се вика Подварош со што се гледа дека некогаш на калето опстојувал град, односно варош.Под тврдините се наоѓале гробиштата на жителите на калето или градот. Некои од откриените гробници се правени на спратови, а месното население тврди дека тоа е така бидејќи слугата е заедно погребуван со господарот.
[уреди] Идна реставрација
Со цел да се реставрира тврдината, се смета дека е потребен проект како реставрацијата на Самуиловата Тврдина во Охрид. Горлива точка е преместувањето на спомен костурницата, за таа цел да се изгради место за борците некаде подолу, а не на врвот. На реставрираното Кале би се одржувале настани од културен карактер. Само по себе Калето би го отсликало Кичево. Ова би било голема туристичка атракција во градот.
[уреди] Извори
- Китино кале на „Крале Марко“
- Блог Кичево-PARADISE CITY OF© - Реставрација на Тврдината на Китино Кале
Арангел • Банско • Белица I • Белица II • Битола • Будинарци • Бучин • Валандово • Варош • Велес • Виница • Вирче • Водно • Габрово • Годивје • Горна Бањица • Градец • Градиште • Граиште • Дебар • Дебреште • Девич • Демир Капија • Десово • Долна Лешница • Долно Ореово • Драмче • Дреново • Евла • Железнец • Живојно • Заград • Згратчани • Звегор • Здуње • Злетово • Зовик • Зрзе • Ижиште • Јегуновце • Калиште • Канарево • Кичево • Кожле • Конче • Коњух • Костурино • Крупиште • Лешок • Луковица • Манастир • Маркова Сушица • Матка • Младо Нагоричане • Мордиште • Мородвис • Опила • Ораше • Охрид • Песочани • Подвис • Прилепец • Радовиш • Ресава • Рогле • Скопје • Сопот • Србиново • Стенче • Стење • Стрежево • Струмица • Теово • Трескавец • Црешка • Чучер • Шопур • Штип