Долнолешничка тврдина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Долнолешничката тврдина или Кале лежи 1,5 км јужно од селото Долна Лешница во Тетово покрај стариот напречен пат Скопје — Охрид, што на делницата Групчин — Стенче го сечел предгорјето на Сува Гора. Претставува 90 м висока чука над составот на две рекички; има стрмни падини и пристапна е преку едно мало седло од југ што ја дели од повисоките ридови.
Содржина |
[уреди] Пронајдоци
[уреди] Најстари остатоци
Околу врвот се гледаат остатоци од доцноантичко обѕидие (камен со малтер) што затвора овален простор од 0,3 ха. На јужниот, највисокиот дел стоела голема кула.
[уреди] Наоди
Доцноантичка грнчарија и монети од доцниот 4. и 6. век. Стражата го контролирала патот Скупи — Лихнид, во планинските долинки помеѓу Скопското и Полошко поле.
[уреди] Средновековни остатоци
Обѕидието, обновено во 6 век останало добро запазено и подоцна. Можеби кулата била обновувана и подоцна. Во бурните настани од 10. до 13. век патот Охрид — Скопје играл значајна стратешка улога а со него и стражата кај Долна Лешница. Во неа, во кулата, диво се ископани сребрени византиски монети (Константин X, 1059—1067) и дваесет железни врвови за џилити, за пробивање панцир.
Очигледно е дека крепоста кај Долна Лешница била користена во спомнатото време, можеби само повремено, за да го чува патот на тој дел.
Арангел • Банско • Белица I • Белица II • Битола • Будинарци • Бучин • Валандово • Варош • Велес • Виница • Вирче • Водно • Габрово • Годивје • Горна Бањица • Градец • Градиште • Граиште • Дебар • Дебреште • Девич • Демир Капија • Десово • Долна Лешница • Долно Ореово • Драмче • Дреново • Евла • Железнец • Живојно • Заград • Згратчани • Звегор • Здуње • Злетово • Зовик • Зрзе • Ижиште • Јегуновце • Калиште • Канарево • Кичево • Кожле • Конче • Коњух • Костурино • Крупиште • Лешок • Луковица • Манастир • Маркова Сушица • Матка • Младо Нагоричане • Мордиште • Мородвис • Опила • Ораше • Охрид • Песочани • Подвис • Прилепец • Радовиш • Ресава • Рогле • Скопје • Сопот • Србиново • Стенче • Стење • Стрежево • Струмица • Теово • Трескавец • Црешка • Чучер • Шопур • Штип