5 октомври
Од Википедија, слободна енциклопедија
5 октомври е 278-иот ден во годината според григоријанскиот календар (279-и во престапна година). Остануваат 87 денови до крајот на годината. Шаблон:Октомври 2008
Настани:
1502 | На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. |
1582 | Според предлозите на една комисија од познати астрономи, папата Гргур Дванаесетти изврши реформа на Јулијанскиот календар поради разликата меѓу траењето на календарската (јулијанска) и природната 1582 година. |
1864 | Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60000 жртви. |
1910 | Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република. |
1912 | Потписничките на Балканскиот сојуз-Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција и предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна. |
1915 | Бугарија влегува во Првата Светска војна како една од Централните Сили. |
1962 | Во Велика Британија е прикажан првиот Џејмс Бонд филм, „Др. Но“. |
1991 | Издадена е првата официјална верзија на Линукс кернел, верзија 0.02. |
1994 | Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. |
1995 | Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. |
1997 | Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Велики во срцето на медитеранскиот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. |
2007 | На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25,000 посетители, македонската музичка супер-ѕвезда Тоше Проески го оддржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата. |
Родени:
1695 | Џон Глас, шкотски министер |
1703 | Џонатан Едвардс, американски министер |
1820 | Дејвид Вилбер, американски политичар |
1901 | Џон Алтон, американски кинематограф |
1908 | Џошуа Логан, американски филмски режисер и писател. |
1930 | Павел Попович, советски космонаут |
1975 | Кејт Винслет, англиска актерка |
Починале:
1565 | Лодовико Ферари, италијански математичар |
1606 | Филипе Деспортес, француски поет |
1880 | Жак Офенбах, француски композитор од германско потекло кој се смета за татко на операта. Негови најзначајни остварувања се оперетите „Убавата Елена“ и фантастичната опера „Хофмановите приказни“. |
1933 | Рене Адоре, француска актерка |
1986 | Мајк Бургман, австралијански тркач |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |