29 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
29 септември е 272-иот ден во годината според григоријанскиот календар (273-и во престапна година). Остануваат 93 денови до крајот на годината.
Настани:
1938 | Британија, Франција, Нацистичка Германија и Фашистичка Италија го потпишуваат Минхенскиот договор. |
1941 | Почнало Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, кои биле нападнати од востаниците, била воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушиле востанието и притоа извршиле масакрирање на околу 3.000 луѓе и биле преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија. |
1991 | Во селото Усје, скопско е осветена црквата „Свети Атанасиј“. |
1993 | Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции. |
Родени:
1758 | Хорацио Нелсон, британски адмирал. |
1901 | Енрико Ферми, италијански физичар. |
1904 | Николај Алексеевич Островски, руски писател. Неговите дела се автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот „Како се калеше челикот“ станал класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија. Умрел во 1936 година. |
1912 | Микеланџело Антониони, италијански режисер. |
1922 | Александар Зиновјев, руски философ, социолог, есеист и литературен сатиричар. |
1936 | Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. |
1943 | Лех Валенса, поранешен полски претседател |
1956 | Себастијан Коу, британски атлетичар. |
1976 | Андриј Шевченко, украински фудбалер. |
Починале:
1902 | Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Во своите дела внел толкава енергија и страст, што тие често добиваат халицинантни и чудесни димензии. Најпознати негови дела се романите „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“ и „Слом“. |
1914 | Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликувал со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. |
1930 | Илја Репин, руски сликар. |
Празници:
Свети архангел Гаврил, Божји гласник, од големо значење за сите аврамски религии. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |