20 ноември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Ноември 2008 20 ноември е 324-иот ден во годината според григоријанскиот календар (325-и во престапна година). Остануваат 41 денови до крајот на годината.
Настани:
1959 | Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. |
1959 | Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхлом потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА). |
1970 | Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр.226 од 14. 03. 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада. |
1991 | Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17.11.1991 година. |
1993 | Авион од типот „Јаковлев 42“ на македонската авиокомпанија „Авиоимпекс“ се сруши во близина на охридскиот аеродром. 115 лица го загубија животот. |
1995 | Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул. |
2001 | Во Тетово е официјално отворен Универзитетот за југоисточна Европа. |
Родени:
1906 | Живко Фирфов, македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. |
Починале:
1865 | Франческо Маноел да Силва, познатиот бразилски композитор. |
1894 | Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград. |
1910 | Лав Николаевич Толстој, руски писател, ненадминат раскажувач, романописец, драматичар и општествен реформатор. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |