Шпанска инквизиција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во 1478 основана била Шпанската инквизиција, што претставувала суд на Католичката црква подржана од страна на тогашното шпанско кралство за заштита на верата против разни еретици и кривоверци со цел тие да ја прифатат католичката вера. Во оваа група попосле спаднале и Евреите по што биле присилени (во 1492) да се преселат од пиринејскиот полуостров таканаречените Сефардички Евреи во Македонија и други источни предели.
Општо земено, инквизицијата дејствувала во средниот век во сите земји на Западна Европа од 1289, а особено крвава и немилосрдна била озогласената шпанска инквизиција. Многу напредни умови биле жртви на инквизицијата, како на пример Јан Хус, Џордано Бруно и други. Шпанската инквизиција била укината во 1834.