Цикасови
Од Википедија, слободна енциклопедија
Цикасови растенија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Cycas revoluta |
||||||||
Систематика | ||||||||
|
||||||||
Фамилии | ||||||||
Cycadaceaecycas |
||||||||
Стангеријацестангерија |
||||||||
Замијацезамија |
Цикасовите растенија се стара група на семени растенија кои се карактеризираат со голема круна од сложени лситови и кратко стебло. Тие се зимзелени, голосемени и дикотиледонски растенија. Често се мешаат со палмите или папратниците, но не се поврзани со ниеден од нив, а припаѓаат на одделот Cycadophyta.
Цикасовите растенија се распространети во суптропските и тропските делови на светот. Тие може да се сретнат во Јужна Америка, Средна Америка (каде се најраспространети), Австралија, Пацифичките Острови, Јапонија, Кина, Индија, Мадагаскар и во јужниот и тропски дел на Африка, каде постојат 65 видови. Некои од цикасите се приспособени за живот на сурова полупустинска клима и можат да растат на песочна, па дури и карпеста подлога. Може да се изложени на директно Сонце или сенка, а некои се и толерантни на солена вода или почва. Цикасовите растенија се мала компонента на царството на растенијата денес, но за времето на диносаурусите тие биле доста застапени. Од овие растенија се прави саго.
Тие се специјализирани опрашувачи, а влегуваат во симбиоза со цијанобактерии при што го врзуваат слободниот азот од атмосферата. Цијанобактеријата со која е цикасот во симбиоза произведува невротоксин наречен BMAA кој се содржи во плодот на цикасовите растенија.
Постојат околу 289 видови, 11 родови и 3 фамилии цикасови растенија:
- Подред Cycadineae
- Фамилија Cycadaceae
- Потфамилија Cycadoideae
-
-
- Цикас. Има околу 90 видови во светот, од Африка до јужна Јапонија, Австралија и западните Пацифички Острови; Тип: Ц. цирициналис L.; види исто така Ц. пруиноса и Ц. револута
-
-
- Потфамилија Cycadoideae
- Подред Zamiineae
- Фамилија Stangeriaceae
- Потфамилија Stangerioideae
-
-
- Стангерија. Еден вид во јужна Африка; Тип: Странгерија
-
-
- Потфамилија Bowenioideae
-
-
- Бовенија. Два вида во Квинсленд, Австралија; Тип: Б. спектабилис
-
-
- Потфамилија Stangerioideae
- Фамилија Zamiaceae
- Потфамилија Encephalartoideae
- Племе Diooeae
-
- Диоон. Десет видови во Мексико и Средна Америка; Тип: Д. едуле
-
- Племе Encephalarteae
- Потплеме Encephalartinae
- Енцефалартос. Околу 60 видови во југоисточна Африка; Тип: E. фридеричи-гуилиелми, E. трансвенозис (Моџаџи цикас)
- Потплеме Macrozamiinae
- Макрозамија. Околу 30 видови во Австралија; Тип: M. ридлеи
- Лепидозамија. Два вида во источна Австралија; Тип: Л. перофскјана
- Потплеме Encephalartinae
- Племе Diooeae
- Потфамилија Zamioideae
- Племе Ceratozamieae
-
- Кератозамија. Дванаесет видови во јужно Мексико и Средна Америка; Тип: Ц. мексикана
-
- Племе Zamieae
- Племе Ceratozamieae
- Потфамилија Encephalartoideae
[уреди] Надворешни врски