See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Светлина - Википедија

Светлина

Од Википедија, слободна енциклопедија

Статија за уредување
Внимание!
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Зрак светлина низ призма која ја разложува на бои од видливиот спектар.
Зрак светлина низ призма која ја разложува на бои од видливиот спектар.

Светлината (видлива светлина) претставува електромагнетна радијација, чија бранова должина е видлива за човековото око. Во поширока дефиниција, светлината е електромагнетна радијација на било која бранова должина. Постојат 3 големини кои ја детерминираат светлината:

  • Интензитет или амплитуда, која најчесто е поврзана со човечката перцепција за јачина на светлината
  • Фреквенција или бранова должина, која луѓето ја забележуваат како боја на светлината
  • Поларизација или агол на вибрација, која не е забележлива со човечките сетила при нормални околности.

Бидејќи светлината егзистира како двојност од бран и честичка, таа ги добива својствата и на бран и на честичка. Точната природа на светлината е едно од клучните прашања на кое се обидуваат да одговорат физичарите.

Содржина

[уреди] Брзина на светлината

Брзината на светлината во вакуум изнесува точно 299,792,458 метри во секунда. Брзината е мерена многупати од многу научници. Едно од најраните мерења е извршено во Европа од страна на Данскиот физичар Оле Ромер (Ole Rømer) во 1676. Набљудувајќи го движењето на Јупитер и една од неговите месечини – Јо.

Првото успешно мерење на светлината го извршил Hippolyte Fizeau (Хиполит Физеј) во 1849. Тој усмерил сноп светлина преку огледала поставени на растојание од неколку илјади метри. На патот на снопот поставил ротирачко тркало. На определена брзина на ротација, зракот можел да помине низ дупчињата издлабени во тркалото, и да дојде до својата крајна цел. Знаејќи ја оддалеченоста помеѓу двете огледала, бројот на дупки на тркалото, и неговата брзина на ротација, тој измерил брзина од 313,000 километри во секунда. Денешната прифатена брзина на светлината е измерена од страна на Алберт Мичелсон (Albert A. Michelson), кој преку серија експерименти од 1877 од 1926 користејќи ротирачки огледала измерил дека светлината патува со 299,796 км/с.

[уреди] Рефракција - одбивање

Светлината има конечна брзина, која во физиката се означува со c (c = 299,792,458 метри во секунда) Кога светлината поминува од вакум во друг медиум на пример вода, воздух, стакло итн. Нејзината брзина се намалува. Овој процес се нарекува рефракција или одбивање. Намалувањето на брзината зависи директно од вискозноста на материјата. Ова се нарекува рефрактивен индекс означен како n. N се дефинира како:

 n = \frac{c}{v} \;\!

n=1 кога станува збор за вакум или n>1 во материја.

Кога сноп светлина поминува од вакум во материја, ја зачувува истата фрекфенција но ја менува брановата должина. Рефракцијата на светлината која ја создаваат леќите, ја користи фокусираната светлина за да создаде зголемување а видливата материја. Овој ефект се користи кај очилата, микроскопите, телескопи итн.

[уреди] Боја и бранова должина

Различните бранови должини кои се детектирани од човековото око, мозокот ги интерпретира како бои. Овој спектар се движи од Црвена до Виолетова боја. Фрекфенциите кои егзистираат помеѓу овие два краја на видливиот спектар мозокот ги преведува како: Портокалова, Жолта, Зелена и Сина боја.

Брановите должини на електромагнетниот спектар кои се наоѓаат веднаш до крајните точки на видливиот спектар се нарекуваат Ултра-Виолетова (УВ) и е со кратка бранова должина и висока фрекфенција, и Инфрацрвена (ИЦ) со долга бранова должина и мала фрекфенција. Некои животни како што се пчелите можат да ја детектираат УВ радијацијата, додека некои други како на пример дел од змиите можат да детектираат инфрацрвена светлина. УВ радијацијата во големи дози е штетна за човекот и долготрајно изложување може да предизвика изгореници на телото или рак на кожата.


[уреди] Мерки за светлината

[уреди] Електромагнетен спектар


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -