See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Подмочани - Википедија

Подмочани

Од Википедија, слободна енциклопедија

Подмочани е село во југозападна Република Македонија, на неколку километри од Ресен. Името на селото доаѓа од составот "под моч", што значи место што се наоѓа под моч, под мочурливо и влажно место.

Села во Република Македонија
Подмочани (Република Македонија)
Подмочани
Подмочани
Општина: Општина Ресен
Население:  
Поштенски број:  
Повикувачки број:  
Надморска височина:  
Географска широчина: 41° 1' 28" сев. ш.
Географска должина: 21° 3' 2" ист. д.
Веб-место:  

Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Подмочани се наоѓа во источниот дел на територијата на Општината Ресен, на патот кој што води од Ресен за Љубојно, а чии што атар се издига до сртот на планината Пелистер, каде што се допира со просторот на општината Цапари.

Селото е рамничарско, на надморскв височина од 890 метри. Од градот Ресен е оддалечено околу 10 км. Атарот зафаќа простор од 12.6 км2. На него обработливото земјиште зазема -површина од 556 ха, на шумите одпаѓаат 488 ха, а на пасишта 121 ха. Селото, во основа, има полјоделска функција. Главно занимање на жителите е овоштарството, кое опфаќа најголем дел од обработливата површина.

[уреди] Историja

Селото Подмочани се наоѓа на источната страна а Преспанската котлина За првпат се споменува кон крајот на 18-от и почетокот на 19-от век. Така кога се градела црквата Свети Ѓорѓи во 1818 година селото имало околу 12 фамилии. Во текот на времето се доселиле повеќе фамилии

Базгаловци - Бела Црква

Берибаковци - Селиште

Гаџовци - Курбиново

Гулевци - Езерени

Глобочанци - Глобочани

Димовци - Бела Црква

Дојчиновци - Бела Црква

Доневци - Коњско

Ефтимовци - Сопотско

Златаровци - Златари

Ивановци - Селиште

Ивковци - Езерени

Кромичевци - Грнчари

Курбинци - Курбиново

Кусаковци - Курбиново

Кршаровци - Бела Црква

Кажановци - Кажани

Кочовци - Скочивир

Камбуровци - Солунско

Кривенци - Кривени

Калиовци - Златари

Магдевци - Грнчари, Скочино

Мижовци - Скочино

Николовци - Курбиново

Пеликудовци - Грнчари, Скочино

Пандевци - Грнчари, Скочино

Пашариковци - Курбиново

Роџевци - Бела Црква

Ристевци - Езерени

Стојановци-Профе - Туминец

Статевци - Грнчари

Стојановски Трајче - Горица

Таневци - Курбиново

Џаџановци - Кажани

Шарковци - Цапари

Шушевци - Охридско

Во книгата Ангел Димов издадена од податоците до 1912 година издадена во бугарија на страна 58 за село Подмочцани во книгата пишува:

Тоа е едно од најголемите села во ресенско (Преспа). И затоа ова село најмногу настрадало за време на Илинденското востание 1903 година. Кога на 4 декември 1903 г. поминале низ селото турските аскери селото беше сосема пусто. Само големи ѕидови на изгорените куќи. Тука се одиграле крвави настани од војската пашибузук. Реџеп Јузбашија со еден булук низами и јузбашијата Шефки Асим излегле од Ресен на 24 јули 1903 година во четврток. Со нив имало и пашибузук на чело со Хусеин Чело и јузбашијата Асим.

Сета таа руља оди во Подмочани. Селската чета излегла од селото на височината (Горици) да го брани своето село. Во селото останале старци, жени и деца. По борбата избегале но повеќето од нив биле фатени и најсвирепо заклани. Турците немилогрдно убивале невини нуѓе. Еве ги имињата на тие убиени луѓе:

Гошева Лена - 8 години

Динина Зуда - 2

Горѓив Нестор - 3

Ѓорѓиев Нечо - 4

Ефтимова Сава - 5

Илиева Ката - 40

Илиев Андреја- 8

Јанев Нане - 30

Мицева Ката - 35

Мишева Нада - 3

Митрев Никола - 15

Настев Ристо - 80

Стевова Ванча - 40

Стојанов Симо - 7

Симов Крсте - 11

Трајчева Динка - 50

Истовремено беа изгорени и сите 101 куќа со се училиштето. На пат беа убиени уште и Тошо Цветков и Никола Митов.

Жените беа оставени само по една искината кошула, бидејќи се противеле на Турците. До вечерта војската си отишла а една група заминала за село Наколец. Но и по три недели повторно нашето село Подмочани било нападнато од турски аскер кој овај пат бил многу поброен. Од населението кои се погодиле тука се убиени:

Димов Нелко - 62 години

Илиев Ламбе - 22

Ивков Јоне - 90

Манев Темелко - 50

Наумов Павле - 30

Петрев Ставре - 63

Ристов Симо - 60

Стојчев Трајче - 60

Тасев Митре - 30

Трајчев Ланде - 14

И тој ден жените биле напаѓани и силувани од Турците. Од ранетите при нападот 6 жени и два мажи биле ранети, но само Мара Котева починала од раните.

Подмочани дало исто така и 70 комити од кои паднале убиени:

Илиев Кочо-војводата

Босилков Ставре

Николов Стојан

Радев Коте

Стевков Нечо

Стојчев Раде

Алиштата и стоката се беше ограбено од башибузукот. Се раздаваше по малку помош.

[уреди] Економија

[уреди] Демографија

[уреди] Општествени институции

Во населбата работи осумгодишно училиште, има амбуланта, телефони, дом на културата, споменик на НОБ, услужни објекти, а има и урбанистички план. Населбата е средна по големина, но е едно од најимиграционите села во Преспа со постојано намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година Подмочани имаше 726 жители, од кои 675 биле Македонци, а 40 Албанци. Во 1994 година бројот значително се намалил на 350 жители, од кои 339 Македонци и 11 жители Албанци.

[уреди] Администрација и политика

[уреди] Културни и природни знаменитости

[уреди] Редовни настани

[уреди] Личности

[уреди] Култура и спорт

ФК Подмочани, оформен во 1962 година, а настапува на игралиштето Преспански Крст.

[уреди] Иселеништво

[уреди] Надворешни врски

Веб-страната на Подмочани на македонски и англиски јазик

Други јазици


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -