Веб-место
Од Википедија, слободна енциклопедија
Веб-место (англ. web site или website, англицизирано наречено: веб-сајт или вебсајт), е множество на концептуално поврзани веб-страници, кои најчесто имаат унифициран дизајн и се наоѓаат во рамките на еден директориум на сервер до кој се пристапува преку определена интернет-адреса (URL). При влегувањето во директориумот, една од тие страници, наречена насловна, главна или почетна страница (анг. home page или homepage) е определена да се прикаже доколку експлицитно не се наведе ниедна друга.
Освен веб-страници, едно веб-место може да содржи низа други содржини, како мултимедијални записи (звук, видео, анимации), документи во разни формати (DOC, PDF, ODT), но и бази на податоци, апликации, компјутерски игри итн.
Целата основа на веб-страниците се изработува во HTML (hypertext markup language), кој некој го сметаат за програмерски јазик, но всушност, тој не е тоа. Исто така, веб-страниците може да се изработат да бидат динамички, преку pHp или perl скрипти, кои самите ги создаваат страниците по некој запишан алгоритам од страна на веб-уредувачот.
Едни од најпознатите програми за изработка на веб страни се: 1. Macromedia-група од повеќе програми за изработка на веб страни во која спаѓаат: Dreamweaver, Flash, Flash Player, Fireworks итн. 2. Frontpage-Програм кој спаѓа во добропознатата група програми од Microsoft: Microsoft Office. Овој програм е лесен за користење и е наменет за почетници во веб програмирањето. 3. Pspad-програм кој освен за веб програмирање може да послужи и за пишување програми со други програмски јазици( C++, C, Java, Pascal, Python итн.)