See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Перун - Википедија

Перун

Од Википедија, слободна енциклопедија

Перун од Андреј Клименко
Перун од Андреј Клименко

Перун е бог на молњата и врховниот бог во словенската митологија. Бил асоциран со планините, дабот, орлите, како и со оружјата и војната.

Содржина

[уреди] Етимологија

Името Перун доаѓа од индо-европскиот корен перк, што значи удира (од истиот корен доаѓа и зборот перкусија). Наставката -ун го означува извршителот на дејството, па така Перун би значело оној кој удира.

Освен Перун, тој е наречен Пјорун (Piorun) во Полска, а сличен бог може да се најде помеѓу Балтичките народи како Перкунас, а кај Финците богот Уко уште се вика Перкеле.

Името на Перун останало и во голем број топоними како Перуновац, Перуни Врх, Перуничка Глава и други. Најголем дел од овие претставуваат планини (Перун бил асоциран со планините), но во средниот век одредени дабови, шуми и села биле наречени Перун. Перуниката исто така го добива името по Перун.

[уреди] Извори

Од сите словенски богови, најмногу историски извори има за Перун. Првпат се спомнува во De Bellum Gothicum на Прокопиј, каде што пишува дека јужните словени веруваат дека има еден бог, создавачот на громовите, кој владее над сите други богови. Неговото име не е изнесено во текстот, но самиот факт дека во некои словенски јазици самото име Перун еволуирало во збор за молњата е доволен доказ дека се мисли на овој бог.

За првпат името на Перун се спомнува во Хрониката на Нестор. Во неа, Русите даваат заклетва пред Перун и Велес. Имено, ако ја прекршат заклетвата, тие веруваат дека ќе бидат казнети од овие богови. Велес казнува со смрт од болест, а Перун ја претпочита војната како начин на казнување.

[уреди] Карактеристики

Перун бил меѓу другото громовник и бог на небото. Тој бил бог на таканареченото „ниско небо“, додека со „високото небо“ владеел Сварог. Во неговиот домен биле облаците, громовите и дождот.

Перун исто така имал двојна улога како бог на војната. Според Велесовата книга, оние кои умираат во битка живеат засекогаш во неговата војска.

[уреди] Перун како громовник

Најважна улога Перун играл како громовник. Се верувало дека неговите громови биле всушност камења или стрели кои тој ги користел како оружја. Некои камења биле сметани за остатоци од нив и биле нарекувани Перунови стрели. Се верувало дека биле заштита од непогоди, несреќа, клетви и (доста природно) од громови. Слично на нордискиот Тор, Перун јавал во битка на својата кочија, а вртењата на нејзините тркала предизвикувала грмотевици.

[уреди] Перун како борец против сушата

Како небесен бог, Перуновата слава била некаде околу Илинден, кога сушата сериозно ги угрозувала посевите. Затоа, словените развиле голем број на додолски обичаи, барајќи помош од својот громовник. Непредвидливите и кратки летни дождови биле единствен спас за посевите, а овие секогаш биле проследени со молњи и громови.

   Да зароси ситна роса,
   ој дудула мили Боже!
   Ој Илија дај Боже дај!
   Ој Илија мој Перуне!
   Дај Боже дај,дај Илија дај! 

(Рефрен на додолска песна од Гњилан)

[уреди] Обожување

Четвртокот бил ден посветен на Перун. Ова е тренд кој се појавува и кај другите индо-европски народи. Четвртокот секогаш бил денот на громовникот. Доказ за ова претставуваат и имињата за четвртокот во некои јазици:

Бидејќи бил асоциран со дабот, храмовите и светилиштата на Перун често биле градени под стари дабови. Во овие храмови се принесувале и жртви. Се жртвувале бикови, говеда, овни и други нешта. Според некои извори, на Перун жртвувале и воени затвореници, најверојатно еднаш годишно, за време на неговата слава. Храмовите на Перун секогаш се граделе на ридови, планини и други високи места. Исто така, храмовите на Велес секогаш биле градени на ниски места. Симболиката на ова е многу јасна - Перун како небесен бог бил обожуван на високо, додека неговиот противник Велес како бог на подземјето бил обожуван на ниски места. Исто така било обичај идолите на овие два бога никогаш да не се ставаат на исто место. Така, кога рускиот владетел Владимир I изградил монументални статуи на словенските богови во Киев, статуата на Велес била подалеку (и подолу) од другите, помеѓу кои стоела статуата на Перун.

[уреди] Перун во митовите

Во словенската митологија (како и во нордиската), светот е претставен како џиновски даб, чии гранки се небото, стеблото - земјата, а корењата се подземниот свет. Перун седел на врвот, често претставен како орел. Во корењата живеел Велес, кој владеел со подземниот свет. Велес бил непријател на Перун и често доаѓал во горниот свет во форма на змија за да краде од него. Кога ќе дознаел, Перун го стрелал Велес со молњи во обид да го убие. Овој бегал на човечкиот свет и се криел зад дрвја, куќи или луѓе. Каде што ќе удрел гром, таму Велес се криел. На крајот Перун го убивал Велес, т.е. го враќал во подземниот свет, и овој таму бил прероден.

Треба да се забележи дека борбата помеѓу Перун и Велес не е борба помеѓу доброто и злото карактеристична за христијанскиот Бог и ѓаволот, туку борба на спротиставени принципи, т.е. небо-земја и оган-вода. Словените не го претставувале Велес како зол лик. Напротив, тој бил исто толку важен и популарен колку и Перун.

[уреди] Христијанизација

Со процесот на христијанизација на словените, црквата успешно го заменила Перун со светецот Илија. Според Библијата, тој јавал на огнена кочија низ небото. Ова било доволно добра компарација со богот на молњата, па така бил создаден Илија громовникот. На запад, Римската католичка црква го заменила Перун со св. Михаил. На локално ниво, некои карактеристики на Перун биле пренесени на самиот христијански Бог.

[уреди] Видете исто така

Словенска митологија

Главни богови
Перун | Велес | Јарило | Марена | Шива | Сварог | Дождобог | Световид | Триглав | Зора | Деница
Други богови
Белобог | Берстук | Чернобог | Девана | Хорс | Флинс | Каревит | Ладо | Мајка Земја | Озвена | Мокош | Додола | Поренут | Поревит | Радогост | Род | Руѓевит | Зирнитра | Симаргл | Стрибог Златна Баба
Легендарни херои
Крале Марко
Натприродни суштества
Алконост | Цикавец | Жар птица | Демон | Баба Рога | Башчелик | Змеј Гамајун | Расковник | Сирин |
Духови и демони
Ала | Багиеник | Баник | Бес | Богинки | Букавец | Скарбник | Кикимора | Коштеј | Полудница | Русалка | Скрзак | Соловеј | Стухаќ | Судица | Водник | Врколак | Домовој | Здухаќ | Дрекавец | Кикимора | Леши | Лихо | Полевик | Самовила | Топелец | Вампир | Воден (митологија)


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -