See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Велес (бог) - Википедија

Велес (бог)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Велес,(Староруски|Велесъ, идентификуван со Волос|Волосъ, забележан е како христијански светец во староруските текстови) е главен словенски бог на земјата, водите и на подземниот свет. Поврзан со змеевите, добиток, магијата, музиката,богатство и измама. Тој е и противник на Перун громовникот и битката помеѓу нив двајцата го сочинува еден од најважните митови во словенската митологија. Никакви изворни описи не се преживеани, но според реконструкциите е замислен (барем делумно) како голема змија, со рогови (од бик или некое друго припитомено тревопасно животно) и со долга брада.

Содржина

[уреди] Извори

Велес е еден од неколкуте богови за кој има докази дека бил обожуван од страна на сите словенски народи. Тој е спомнат во Несторовата хроника неколку пати под името Волос. Се спомнува во мировен договор од 10 век помеѓу Русите и Византијците заедно со Перун. Тука Велес е спомнат како бог на стадата и селаните, кој ги казнува оние кои ги кршат заклетвите со болести, додека Перун казнува со војна. Статуата на Велес е една од седумте кои Владимир I ги подига во Киев. Но, оваа статуа не стои на ридот заедно со другите, туку долу сред киевскиот пазар. Според ова, Велес е бог и на трговијата, но исто така тој е бог на ниското земјиште, додека ридот е местото на неговиот непријател Перун. Нивните храмови и идоли секогаш стоеле одвоени, перуновиот на високо, а велесовиот на ниско.

Велес бил важен и за јужните Словени. Градот Велес го добива името по овој бог. Интересен е фактот дека над Велес постои рид кој го носи името на Илија громовникот, кој бил христијанската замена за Перун. Овој тренд може да се забележи и кај хрватскиот град Волоско, кој е изграден под врвот Перун на планината Учка. Кај западните Словени Велес се појавува во чешки списи од 15 век, но неговото име сега означува или змеј или ѓавол.

[уреди] Етимологија

Етимологијата на Велес не е сосем јасна, главно бидејќи има две верзии на неговото име. Предлог за неговото потекло го поврзува името со праиндоевропски *wel, што значи волна. Како бог на стадата, ова би било логично.

Предложени се врски со индискиот бог Вала (противник на громовникот Индра) и со Велинас, демон од балтичката митологија (непријател на громовникот Перкунас).

[уреди] Карактеристики

Словените во Велес гледале бог кој се грижи за нивната прехрана. Уште од времето на ловечката заедница, Велес бил бог на шумите и дивечот. Тој воедно се грижел и за тоа ловот да биде добар, а и за животните и билките, бранејќи ги од луѓето. По преминот во земјоделско-сточарска заедница, Велес не бил заборавен, туку на него ја препуштиле одговорноста за посевите и стоката. Тој бил задолжен да внимава на жетвата и да ја брани од град и други непогоди, а стоката да се размножува и да ја лиши од болести и глад.

[уреди] Бог на подземјето и мртвите

Словените го гледале светот како огромен даб чии корења се подземниот свет, а крошната - небото и земјата. На врвот стои Перун, претставен како орел. Тој е господар на небото и земјата. Во корењата живее Велес, претставен како змија или змеј. Тој е господар на мртвите и подземјето. Овој свет, за разлика од многу подземја е пријатно, плодно и влажно место каде што е вечна пролет. Тука живеат број фантастични суштества, а мртвите ги чуваат велесовите стада. Според некои извори, овој свет се нарекува Ириј или Виреј, а според други Нав. Јарило, богот на плодноста претстојува тука секоја зима, а напролет се качува на земјата. Се верувало дека тука мигрираат птиците во зима. Според митовите, подземниот свет се наоѓа „зад морето“.

Велес редовно ги праќа душите на мртвите да шетаат по земјата. Ова се случува за време на неколку тн. навји денови. При крајот на годината е најголемиот од овие празници, наречен Велика ноќ или Коледе. На оваа ноќ коледари и волчари, облечени во волна, крзно и гротескни маски шетале по селата. Овие луѓе ги претставувале мртвите, одејќи од куќа до куќа, пеејќи песни за тоа како „доаѓаат од далеку и се влажни“ (алудирајќи на влажното подземје) и барајќи подароци од домаќините кои ќе ги пречекаат. Се верувало дека подароците кои ќе им бидат дадени ќе ги примат мртвите. Некои од овие обичаи се зачувани до ден-денес. Можно е ова да е пример за словенски шаманизам, поврзувајќи го Велес со магијата.

[уреди] Бог на стадата и жетвата

Најпрактичната улога на Велес би била таа како бог на стадата и жетвата. Често е нарекуван скотји бог, т.е. бог на стадата. Меѓу другото, негови атрибути се роговите и волната. Така, тој е бог на сточарите и овчарите, спротивно од Перун кој како бог на громот и дождот е бог на земјоделците. Сепак, се чини дека Велес исто така бил одговорен за земјоделството, или барем жетвата. Кај некои словенски нации, особено кај русите е обичај првиот (или последниот) клас да биде врзан во вид на амајлија наречен „велесова брада“ (според ова, очигледно Велес е брадест бог) и да се закачи во амбарот за бериќетна година.

[уреди] Бог на магијата и музиката

Словенскиот збор волхов, кој и ден-денес означува волшебник во некои словенски јазици најверојатно доаѓа од Велес. Во српскиот јазик исто така постои израз crnu vunu presti (волната е симбол за Велес) кој е алузија за магија и врачарство. А, бидејќи во старо време магијата често се поврзувала со музиката, Велес бил заштитник и на музичарите. Во Слово за походот игорев, песникот Бојан е наречен „внук на Велес“.

Во северна Хрватска постои обичај кој преостанал од ова верување. Имено, за време на некои свадби музичарите нема да почнат да свират сѐ додека младоженецот не истури вино во корењата на некое дрво. Така, музиката не започнува сѐ додека не се направи здравица на Велес, богот на музичарите.

[уреди] Христијанскиот Велес

По доаѓањето на христијанството, Велес, рогатиот и змијолик бог на подземјето ја имал несреќата да биде идентификуван како сатаната. Неговите позитивни страни биле префрлени на Свети Василиј. Во градот Јарославл, првата црква која била изградена на местото на храм на Велес била посветена на овој светец, најверојатно поради сличноста во имињата, а и бидејќи некаде св. Василије се смета за заштитник на овчарите.

Чуден е фактот дека Велес останал бог со толку сложен и широк домен низ целата словенска паганска историја без да биде поделен на повеќе ликови. Во другите индоевропски митологии, ваквите богови биле систематски поделувани. На пример, во грчката митологија има најмалку четири лика кои можат да се идентификуваат со Велес: Пан, Хермес, Плутон и Тифон. Единствено во келтската митологија може да се најде сличен бог - Кернунос, бог на друидите, природата, дивите животни и шаманизмот, претставен со еленски рогови, чиј симбол бил рогата змија.

[уреди] Видете исто така

Словенска митологија

Главни богови
Перун | Велес | Јарило | Марена | Шива | Сварог | Дождобог | Световид | Триглав | Зора | Деница
Други богови
Белобог | Берстук | Чернобог | Девана | Хорс | Флинс | Каревит | Ладо | Мајка Земја | Озвена | Мокош | Додола | Поренут | Поревит | Радогост | Род | Руѓевит | Зирнитра | Симаргл | Стрибог Златна Баба
Легендарни херои
Крале Марко
Натприродни суштества
Алконост | Цикавец | Жар птица | Демон | Баба Рога | Башчелик | Змеј Гамајун | Расковник | Сирин |
Духови и демони
Ала | Багиеник | Баник | Бес | Богинки | Букавец | Скарбник | Кикимора | Коштеј | Полудница | Русалка | Скрзак | Соловеј | Стухаќ | Судица | Водник | Врколак | Домовој | Здухаќ | Дрекавец | Кикимора | Леши | Лихо | Полевик | Самовила | Топелец | Вампир | Воден (митологија)


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -