Навивањето во Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Навивањето во Македонија е една од помасовните “суб-култури“ односно од помасовните движења. Навивањето на секаде во светот се манифестира преку бодрење на спортски клубови, музичари, политичари итн.(Во овие статии под навивање се однесува на спорстко навивање)
Содржина |
[уреди] Историја на навивањето во Македонија
Зачетоците на навивањето во Македонија се појавуваат за време на втората светска војна. Како прв позначаен натпревар на кој еруптирало Македонското навивање, а воедно и Македонскиот патриотизам и стремеж за слобода од Бугарскиот окупатор бил одигран во 1942/43 година меѓу екипите на ФК Македонија од Скопје (бодрена од посетителите - сите Македонци) и ФК Левски од Софија (бодрени од Бугарската окупаторска жандармерија). Како натпревар од висок ризик Бугарскиот окупатор на самите аут-линии имал поставено и тешки митралези доколку Македонската публика се обидела да направи инциденти. Натпреварот завршил со резултат 2:0, а Бугарите биле премногу бесни што имало апсења на неколку гледачи, а младите навивачки Македонци започнале и краткотрајни борби со бугарските окупаторски полицајци. Тренер на македонската екипа бил легендарниот тренер Македонски Евреин Илеш Шпиц на кој не му било дозволено да ја престапи аут-линијата бидејќи биле означен како Евреин со жолта ѕвезда на плеќите.
Подоцна навивањето зема помасовна форма по Втората светска војна кога нашиот најпознат, најтрофеен и најуспешен клуб ФК Вардар бил единствениот претставник на Македонија во сојузната Југословенска лига. Во текот на 50', 60' и 70' години цела Македонија навивала за ФК Вардар бидејќи тој бил како “Македонска репрезентација“ во сојузната лига.
[уреди] Почетоците на навивањето организирано во навивачки групи
Кон крајот на 80' години од XX век во СФРЈ сите поголеми тимови имале свои навивачки групи (ФК Црвена Звезда - Делии, ФК Партизан - Гробари, ФК Динамо Загреб - Бед Блу Бојс, ФК Хајдук - Торцида) кои биле задоени со националистичка политика.
Со посеизлгедниот и неизбежен распад на СФРЈ во Македонија се повеќе се буди националното чувство и желбата за самостојна и независна Македонија, па така во 1987 година на мечот меѓу ФК Вардар и Црвена Звезда на западната трибина првпат осамнува транспарент со натпис Комити.
Комитите се прва и најстара македонска навивачка група. Кон крајот на 80' години кога Вардар ги бележи своите најголеми фудбалски успеси, бројот на Комитите непрестајно расте. Се паметат натпревари кога Комитите биле во бројка од 6 000 навивачи. Одличната игра на Вардар, гостувањата на големата ЈУ четворка и се псоилното македонско национално чувство како магнет привлекуваа навивачи не само од Скопје туку и од останатите македонски градови за што сведочат транспаретните “Комити - Струмица“, “Комити - Велес“ итн. За силното Македонско национално чувство сведочат и транспарентите “Македонија В.Е.П.“, “Кој го уби Ченто“ итн. Од ова време најзначајно е гостувањето на Комити во Ниш, кога домашната навивачка група Цигани била претепана, а градот целосно демолиран.
[уреди] Навивањето во независна Македонија до денес
Со осамостојувањето на Македонија и основањето на Македонска фудбалска лига се раѓаат и многу нови групи како Чкембари од Битола, Мајмуни од Прилеп, Војводи од Тетово итн.
Главното дерби помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер на почетокот на 90' години прераснува во дерби од висок ризик и ривалство меѓу Комитите и Чкембарите и воопшто помеѓу Скопје и Битола. Од ова дерби запаметени се многуте гостувања, тепачки, нереди, разни транспаренти, знамиња и кореографии итн.
Со доаѓањето на Љубисав Иванов - Ѕинго за претседател на фудбалскиот сојуз кавлитетот и масовноста навивањето драстично опаѓа до ден денешен. Местењето на фудбалските натпревари за шампион да биде ФК Силекс и забраната за гостување на навивачките групи се причините на падот на Македонското навивање, кое денес едвај “преживува“.
Кон крајот на 90' се појавуват и првите навивачки групи и дерби во кошарка и новото дерби меѓу Комитите и Шверцерите (на национална основа).
Денес опстојуваат околу 20 ина навивачки групи со многу мал број на членови. Навивањето денес се одвива само во фудбал, ракомет и кошарка.
[уреди] Навивачки групи во Македонија
- Комити (Запад) од Скопје навивачи на ФК Вардар
- Лојал Фанс од Скопје навивачи на ФК Вардар
- Чкембари од Битола навивачи на ФК Пелистер
- Мајмуни од Прилеп навивачи на ФК Победа (порано го носеа името “Маркови Внуци“)
- Војводи од Тетово навивачи на ФК Тетекс
- Гемиџии од Гостивар навивачи на гостиварските Македонски спортски клубови
- Вампири од Велес навивачи на велешките спортски клубови
- Фаланга од Штип навивачи на ФК Брегалница
- Ајдуци од Струмица навивачи ФК Беласица
други навивачки групи се: Романтичари - Скопје, Лозари - Кавадарци, Ѓаоли - Кичево, Паткари - Струга, Кумани - Куманово, Багери - Саса, Абре Убре - Пробиштип, Лавови - Скопје, Пирати - Скопје, Шверцери - Скопје (албанска), Балисти - Тетово (албанска) итн.
навивачки групи на кошаркарски тимови: