Мол (единица)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мол (mol) е единица за количество супстанција во SI. Таа е една од основните единици во овој систем.
Еден мол (1mol) е количество супстанција во кое се содржат ист број на единки (атоми, молекули или јони) колку што се содржат во 0,012 kg (12g) од изотопот на јаглерод 12C. Бројот на единки (N) во 1mol од секоја супстанција е секогаш еднаков на 6,022x1023 и се нарекува Авогадров број. Ако е познат бројот на единки во 1mol супстанција (моларен број на единки), тогаш бројот на единки во било кое друго количество супстанција ќе биде производ од тоа количество и моларниот број на единки:
- N(B)=n(B)xNA
каде што:
- N - број на единки
- B - хемиски елемент
- n - количество супстанција
- NA - Авогадров број.