Клавир
Од Википедија, слободна енциклопедија
Клавир (гер. Klavier) или пијано е музички инструмент со клавијатура кој произведува звуци со користење на чекани кои удираат на челични жици. Чеканите се обложени со ткаенина и после ударот веднаш се враќаат во позиција за да им дозволат на жиците да вибрираат. Овие вибрации потоа се пренесуваат преку мостот до резонантната даска каде што се зголемуваат по силина.
Клавирот се користи нашироко низ западната музика за солистички или концертни настапи. Мошне е популарен како алатка за компонирање и вежба. И покрај тоа што не е преносен ниту пак евтин инструмент, разноличноста и раширеноста го имаат направено еден од најпознатите инструменти.
Зборот „пијано“ е скратена верзија на зборот „пијанофорте“ кој ретко се користи освен во формални прилики. Зборот е по потекло од италијанското име на инструментот, gravicèmbalo col piano e forte (чембало со меки и гласни). Ова значи дека клавирот може да произведе ноти со различни гласини во зависност од тоа колку брзо се притиска врз клавишот.