Е-книга
Од Википедија, слободна енциклопедија
Е-книга, е-книга (англиски: e-book), кратенка од електронска книга, е книга која се дистрибуира во дигитална форма. Е-книга се чита на компјутери или други периферни уреди, рачни читачи.
Содржина |
[уреди] Историја
Е-книга за прв пат се спомнува во 1971 година кога Мишел Харт (Michael Hart), студент на универзитетот во Илиноис, по пат на универзитетската компјутерска мрежа - (англиски: lan - local area network) почнува со дистрибуција на книги во дигитална форма.
Тоа е почеток на проектот кој Харт подоцна ке го нарече Проект Гутенберг [1], по револуционерот на технологијата за штампање Јохан Гутенберг. Проектот се залага за креирање електронска верзија на книжевни дела во јавен домејн и нивно бесплатно дистрибуирање преку интернет, со тоа негова е заслугата за ширење и популаризација на е-книга.
[уреди] Карактеристики
Предности
- Се скратува времето на излегување на делото во јавност, заобиколувајќи ја најкритичната фаза во изработката на книгата – штампаријата.
- Изработката е далеку поефтина без дистрибуција, непожелни залихи, трошење на скапа хартија и друг материјал.
- Достапност на потенциалните корисници е неспоредливо поголема.
- Можност на графичкиот израз е практично неограничен.
Недостатоци
- Книгата не е само носител на порака него и предмет кој може да има сам по себе вредност.
- Сеуште навика на држење штанпан материјал во рака.
- Во средини со ниска информатичка култура има отпор како неприроден медиум.
[уреди] Формати
.
[уреди] Надворешни врски
- Бесплатни е-книги од Градска библиотека Браќа Миладиновци - Скопје (македонски)
- Project Gutenberg – Најголема колекција на бесплатни е-книги (англиски)
- eLibrary - Open Ebooks Directory Дигитална библиотека (англиски)
- Дигитална библиотека (англиски)