Дански јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дански dansk |
||
---|---|---|
Изговор: | данск | |
Зборуван во: | Данска, Фарски Острови, Гренланд, Исланд, Германија (Јужен Шлезвиг) | |
Вкупно зборувачи: | Околу 6 милиони | |
Јазично семејство: | Индоевропско Германско Северногерманско Источно скандинавско Дански |
|
Писмо: | Данска латиница | |
Официјален статус | ||
Официјален јазик во: | Данска Шаблон:Country data Гренланд Гренланд Шаблон:Country data Фарски Острови Фарски Острови Европска Унија Нордиски Совет |
|
Регулиран од: | Dansk Sprognævn (Дански јазичен одбор) | |
Јазични кодови | ||
ISO 639-1: | da | |
ISO 639-2: | dan | |
ISO 639-3: | dan |
Данскиот јазик е еден од северните германски јазици (или скандинавски јазици), подгрупа на германската гранка на индоевропските јазици. Го зборуваат околу 6 милиони луѓе, главно во Данска, а го зборуваат и 50.000 Данци во северните делови на Шлезвиг-Холштајн во Германија, кадешто има статус на малцински јазик. Данскиот јазик е исто така официјален јазик и задолжителен училишен предмет во данските територии на Гренланд и Фарските Острови, коишто сега имаат ограничена самостојност. Во Исланд и Фарските Острови, данскиот, покрај англискиот, е задолжителен странски јазик во училиштата. Во Северна и Јужна Америка, постојат данско-јазични заедници во Аргентина, САД и Канада.