Гранџ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гранџ музика (често нарекувана како Seattle Sound) е произлезена од инди рок, инспирирана од хардкор панк, треш метал, и алтернативен рок. Комерцијален успех постигна во доцните 1980-ти и раните 1990-ти, постигнувајќи го својот врв во мејнстримот во 1991 и 1994. Гранџот е создаден во градовите во САД како што се Сиетл, Олимпиа, и Портланд. Феноменот наречен гранџ, се разликуваше од музиката во 80-тите.
Содржина |
[уреди] Стил, корени и влијанија
Гранџ музиката генерално се карактеризира со "валкани" гитари, јаки рифови и тапани."Валканиот" звук е добиен со стилистичка промена во свирењето на панк рок, и со гитарска дисторзија и фидбек.Гранџот содржи споро темпо и непостојани хармони коишто не се наоѓаат во панк рокот.Текстовите се типично исполнети со гнев, фрустрација, досада, тага, страв, и депресија, чувства кои се присутни кај адолесцентите;многу гранџ музичари своите кариери ги имаат започнато како тинејџери. Меѓутоа текстовите се должат и на други фактори, како што се сиромаштија, неудобност со социјалните предрасуди, и генерално разочарување со состојбата во општеството.Но не сите гранџ бендови се занимаваат со тие емоции:сатиричната песна на Nirvana "In Bloom", е пример за по-хумористичен пристап, и исто така многу други гранџ песни со смисла за хумор, кои што останале неприметени од публиката.Во главно хуморот се однесува на исмејување на хеви металот кој што беше присутен во 80-тите.
Гранџот еволуирал од панк рок сцената во северозападниот пацифик, инспириран од локалните панк бендови, како што се The Fartz, The U-Men како и од The Accused и од поп-панкерите The Fastbacks.Меѓутоа најголемото влијание доаѓа од спориот и хеви звук на The Melvins.The Melvins и The Wipers се сметаат како гранџ бендови, иако некои ги класифицираат како хардкор-панк бендови.
Mark Arm, вокалистот на Сиетл бендот Green River (а подоцна Mudhoney), е познат по тоа што е првиот што го употребил терминот "Гранџ" за да го опише овој стил на музика.Меѓутоа Arm го употребувал терминот во негативна конотација, стилот на неговиот бенд го нарекувал "pure grunge, pure shit" (чист гранџ, чисто срање).Но од страна на медиумите ова било искористено за идентификација на бендовите што звучеле како Green River.Терминот тотално одговарал за опишување на "валканиот" гитарски звук по кој гранџот е познат.
Формиран во 1983, се верува дека Green River го создале гранџот, и претставуваат инспирација за многу гранџ бендови, и покрај тоа што немале голем комерцијален успех.По распаѓањето на бендот во 1988, разделените членови ги формираат Mudhoney и Mother Love Bone,со кои и понатаму продолжуваат да свират гранџ.Green River употребува по-тврд звук, кој што не е присутен кај подоцнежните гранџ бендови, но се појавува кај бендовите како што се Soundgarden and Alice in Chains.Како и да е, жанрот настана како микс од раниот гранџ звук и алтернативниот рок, пред неговиот мејнстрим успех во 1990-ти.За тоа најчесто се дава заслуга на Nirvana која што го мешаше раниот гранџ и стилот на The Pixies.Употребата на стилот кој што е карактеристичен за The Pixies ќе го популаризира стилскиот пристап во гранџот и други алтернативни рок жанрови.
Уникатниот звук на гранџот се претпоставува дека е добиен поради изолацијата на Сиетл од другите алтернативни рок сцени.Меѓутоа се претпоставува дека влијанието на гранџот доаѓа и од бендови од источниот брег како што се Sonic Youth and Dinosaur Jr., исто така и влиајнието на Тhe Pixies врз Nirvana а и од многу други бендови е огромно.Некои велат дека и хардкор панк бендот од Минесота наречен Hüsker Dü има влијаено врз гранџот.Откако неколку пати Neil Young и Pearl Jam отсвиреле во живо и го снимиле албумот Mirror Ball,медиумите го етикетирале Neil Young како "Godfather of Grunge" (кумот на гранџот), етикета базирана на неговата работа со бендот Crazy Horse.
Steve Turner од Mudhoney вели дека албумот од 1984 My War на Black Flag го имал најголемото влијание кон бендовите од Сиетл. Turner вели: "многу луѓе го мразеа фактот дека Black Flag го успорија темпото на музиката ... но овде кај нас беше супер-се радувавме затоа што звучеа чудно и заебано.".Иако треш елементи навлегуваа во гранџот, сепак жанрот си остана лојален на своите панк корени. Менталитетот на бендовите сѐ уште беше длабоко вкоренет во панк сцената.
Концертите на гранџ бендовите се високо енергични, избегнувајќи ја комплексноста на високо буџетни концертски презентации кои се катактеристични за хеви метал бендовите од 80-тите, кои што употребувале ласери, пиротехника, и други технолошки и визуелни ефекти со кои се остава поголем впечаток врз публиката.Наместо тоа гранџ бендовите настапуваат само со своите инструменти, енергијата што ја носат со своите настапи и самите себе како "визуелни" ефекти (буџетот на ниеден концерт не бил поголем одколку што било потребно), додека пак во публиката вообичаено било правењето на mosh pit (или попознато кај нас како "шутка", карактеристично за панк бендовите).Како и фановите така и музичарите учествувале во stage diving, crowd surfing, headbanging, и pogoing, но сепак, публиката на гранџ концертите е најпозната по енергичното шуткање.
[уреди] Мејнстрим популарност
Пред гранџот да стане популарен, бил слушан само од тие кои што го свиреле.Бандовите свиреле во клубови со минимална публика кои во главно биле членови од други бендови кои што чекале на ред за настап.Кога бендовите почнале да издаваат албуми, продуцентските куќи биле главните кои што го презентирале гранџот на локалната публика.Sub Pop ги држеле најглавните бендови, а прилично позната продуцентска куќа била и Olympia labels.Други попознати куќи кои помогнале во етаблирање на гранџот се EMpTy Records, Estrus Records, C/Z Records, и PopLlama Records.
Во ноември 1988, Sub Pop го преземале првиот чекор кон популаризирање на гранџот, со тоа што секој месец составувале компилации наречени Singles Club, песни од локалните гранџ бендови, кои што фановите ги добивале месечно преку своите мејлови.Со ова Sub Pop го издигнал гранџот на локално ниво, а со тоа се етаблирале како моќна продуцентска куќа на локалната сцена.Bruce Pavitt и Jonathan Poneman велат дека по нивното ангажирање на новинар од британското списание Melody Maker да напише сторија за локалната музичка сцена, популарноста на гранџот почнала да зема се поголем замав.Со ова се помогнало луѓето надвор од Сиетл да се запознаат подобро со гранџот.Во овој период, на карајот на 80-тите, Mudhoney го имале најголемиот комерцијален успех, и се сметаат за најуспешниот бенд, се до почетокот на 90-тите пред гранџот да стане национален феномен.
Генерално, заслугата за огормната популарност во раните 90-ти се дава на Nirvana.Популарноста на песната Smells Like Teen Spirit, од албумот Nevermind, била големо изненадување за музичката индустрија.Албумот стана број еден низ скоро сите топ листи во светот, и го отворил патот за бендови слични на Нирвана.Pearl Jam кои што го издале својот најуспешен албум Ten еден месец порано, почнал да се продава масовно по успехот на Нирвана.Многу луѓе гранџот го асоцирале најмногу со овие два бенда, кои што имале бунтовен однос кон мејнстрим нормите и културните и социјалните институции.Исто така и други бендови од областа на Сиетл постигнуваат успех (воглавно тоа се Alice in Chains и Soundgarden), но и бендови што не се дел од музичката сцена на Сиетл, како на пример Stone Temple Pilots од Сан Диего, Silverchair од Aвстралија, и Bush од Британија.
Повеќето гранџ фанови веруваат дека популарноста на гранџот пораснала заради се помалата и популарност на глам метал бендовите како што се Mötley Crüe, Poison, и Warrant, кои што доминирале во текот на 80-тите (посебно во С.А.Д.).Глам металот е познат по мачо текстовите, драматични рифови, и недостаток на социјална свесност, посебно во трката за што поголема мејнстрим публика.Овие аспекти биле популарни во текот на 80-тите, но на почетокот на 90-тите тие го имале спротивниот ефект.Со тоа се овозможило гранџот да се пробие кој што содржел текстови кои биле анти-мачо, и чии што песни биле засновани на панк музика.
Гранџ фановите сметаат дека медиумите дале преголемо внимание на стилот на облекување што го практикувале бендовите и нивните фанови.Стилот на облекување бил мешавина од панкерски стил и облеката карактеристична за луѓето од Северозападот, кои што вообичаено носеле карирани кошули (карактеристични за дрварите).Оваа "мода" била карактеристична поради тоа што ваквиот тип на облека бил ефтин, и овозможувал заштита од ладното време кое што владеело во овој регион.Наместо медиумите да се концентрираат на музиката, тие дале преголем акцент на овој стил на облекување.Во раните 90-ти, текстилната индустрија ја искористила гранџ "модата" за свои комерцијални цели, и за тој тип на облека наплаќале многу повеќе отколку што била нејзината реална и вообичаена цена пред тоа.Медиите го форсирале етикетирањето на гранџ сцената како Генерација Икс, во обид да креират следбеници на хипи движењето.Повторно занемарувајќи ја музиката медиумите се концентрираат на т.н. гранџ сленг, и отишле до таму, така што The New York Times направиле сторија со лажни гранџ зборови, кои што наводно се употребуваат помеѓу фановите и бендовите, кое што подоцна и било докажано од Меган Џаспер од Sub Pop дека било со намера да се даде поголема популарност на гранџот, во обид да ги остварат своите комерцијални намери.Сето ова подоцна било документирано во документарецот наречен "HYPE".
И покрај оваа извештаченост за гранџот, музичарите продолжија да се облекуваат како што всушност се облекувале и пред тоа, игнорирајќи ја модата.Некои музичари надвор од гранџ сцената почнале да се облекуваат слично како нив.Во рок сцената вообичаени биле скапите облеки, за разлика од гранџерите кои што предност даваат на едноставната, секојдневна облека, како што се карираните кошули, фармерки, док мартинс чизми или Конверс патики.Сето ова придонело кај фановите да се створи свест за одбивност кон модата, и налагањето на модните трендови.Иронично е тоа што индустријата го искористила тоа за популаризирање на гранџ модата, со што фановите несвесно самите себе се побивале.Сето тоа резултирало за гнев кај гранџ фановите, со што тие го одбиле овој стил, кој што веднаш потоа престанал да се рекламира.
Многу важни настани се случиле за време на ерата на гранџот, кои што веројатно не би се случиле ако гранџот не ја добил популарноста што ја имал.Алтернативниот рок кој што до тогаш се свирел само по локалните клубови, и на факултетските радија, влегол во мејнстримот откако големите продуцентски куќи веќе успеале да продадат на публиката и многу понепопуларни жанрови.Патувачкиот фестивал Lollapalooza е резултат на тоа, додека гранџот станал важен дел од фестивалот во 1992 и 1993.Во очите на медиумите, гранџот станал главен дел од поп културата, откако станал и дел од филмот Singles од 1992, каде што се појавуваат повеќе големи гранџ бендови.Истата година Nirvana и Sonic Youth се појавуваат во документарецот наречен 1991: The Year Punk Broke.Откако овие панк жанрови стануваат популарни, се овозможило оживување на панкот, во групите како што се Green Day и The Offspring кои што постигнуваат голем успех.
[уреди] Одбивањето на мејнстрим популарноста
Масовната популарност на гранџот беше кратка.Неколку фактори имаат удел во тоа.Иако се претпоставува дека само еден фактор бил доволен, меѓутоа генерално се верува дека повеќе од еден фактор е заслужен за тоа.
Повеќето фанови и музички историчари веруваат дека гранџ бендовите неможеле да доживеат долгогодишен успех и силна подршка од продуцентските куќи заради тоа што ја одбивале мејнстрим славата. Многу гранџ бендови почнале да ја одбиваат соработката со продуцентските куќи за создавање на радио-хитови, и така продуцентите си нашле нови бендови кои што се спремни на тоа, бендови кои што се само оскудна имитација на гранџ бендовите, бендови кои што не ја добиле подршката од вистинските гранџ фанови.Сето ова ги натерало продуцентите да бараат нови стилови на музика кои што би се продавале добро.
Друг фактор кој што придонел за пропаѓањето на гранџот, е појавувањето на новиот жанр наречен post-grunge. Post-grunge е варијација на правиот гранџ, меѓутоа без валканиот звук кој што го поседува гранџот.Овој под вид на гранџот е откриен од продуцентите кои што биле во потрага по звук кој што е сличен на гранџот меѓутоа би се продавал повеќе заради својот поп звук.Во средината на 90-тите продуцентските куќи почнале да потпишуваат со овие бендови во намера да им дадат голема популарност.Иако неколку пост-гранџ бендови како што се Silverchair и Bush, постигнале успех, многу фанови ја разоткриле намерата на овие пост-гранџ бендови, која што била да постигнат комерцијален успех искористувајќи ја моменталната ситуацијата во музиката.Тоа е случај со бендовите Candlebox и Collective Soul.Овие обвинување стигнале и до оние пост гранџ бендови кои што веќе доживеале комерцијален успех, со што нивната популарност била уште пократка и од вистинските гранџ бендови.Истиот третман го добиле и подоцнежните пост гранџ бендови како што се Creed и Days of the New.
Употребата на хероин помеѓу гранџ музичарите бил уште еден фактор, кој што не им овозможувал на да функционираат нормално. Смртта на Andrew Wood во 1990 била една од првите поголеми трагедии на гранџ сцената, со што тоа било и крај за Mother Love Bone.употребата на хероин од страна на Kurt Cobain се претпоставува дека влијаело на неговата смрт(иако тоа до сега не е потврдено).Смртта на Kristen Pfaff од Hole и Layne Staley од Alice in Chains во 1994 и 2002 исто така се претпоставува дека се предизвикани од употреба на хероин.Се верува дека гранџот почнал да пропаѓа со смртта на Cobain во Април 1994 година.Интересно е тоа што, Cobain е често фотографиран со маички на кои што пишува "Grunge is Dead".
За многу фанови, гранџот престанал да биде популарен кога Soundgarden се распаднале. Многу од гранџ бендовите продолжиле да егзистираат,како на пример Pearl Jam, и покрај тоа што гранџот излегол од мејнстримот. Гранџот сѐ уште ги има своите обожаватели, кои што ги изразуваат своите мислења преку интернет.И покрај тоа, гранџот сѐ уште добро котира, доказ за тоа е необјавената песна на Nirvana "You Know You're Right", која што во 2002 котираше одлично на топ листите, а додека документарецот With the Lights Out е еден од најпродаваните.
[уреди] Гранџ Бендови
- Alice in Chains
- Green River
- Hole
- L7
- Mad Season
- Malfunkshun
- Melvins
- Mother Love Bone
- Mudhoney
- Nirvana
- Pearl Jam
- Screaming Trees
- Skin Yard
- Soundgarden
- Stone Temple Pilots
- Tad
- Temple of the Dog
- Willard
Статијата Гранџ е пример меѓу избраните статии. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија. |