Досада
Од Википедија, слободна енциклопедија
Психологија Портал • Историја |
ПОДРАЧЈА |
Абнормална |
ЛИСТИ |
Публикации |
Досада е умствена состојба каде човек ја толкува неговата средина како здодевна, монотона и без стимули. Чувството на безнадежност е нераздвоен дел од досадата; луѓето многу се трудат да ја спречат или излечат досадата, иако во многу прилики таа е прифатлива како нешто неизбежно кое мора да се истрае. Чест начин на избегнување на досада е преку креативно мислење или мечтаење.
При досада, времето се чини дека тече побавно; ова доаѓа од начинот на кој човечкиот ум го мери минувањето на времето, заедно со честотата на настани кои се сметаат за интересни.
[уреди] Философија
Артур Шопенхауер ја зел досадата како доказ во неговиот обид да ја докаже ништожноста на човековото постоење.
[уреди] Видете исто така
- Забава
- Мотивација
- Проѕев
Објаснувања околу Deja Vu-прв дел
Секој од нас бил во таква состојва, крстена со француското “déjà vu”(веќе видено). Понекогаш тоа ни се јавува под формата “deja vecu” (веќе доживеано) или пак другпат не сполетува како “deja lu” (веќе прочитано). Јужноафриканскиот психијатар Вернер Неп наведува дури 20 разновидности на овој феномен, стар колку и самиот човек. Толстој, Дикенс, Фројд-многу големи имиња пишувале за него. И, се разбира, обидите за негово објаснување се бесконечни. Да започнам со магичните толкувања.
Чувството за веќе доживеаното е добредојдено за проповедниците на верата во повторното раѓање. Но и други го користат како доказ за своите тврдења. Многу парапсихолози оваа необична појава ја поврзуваат со способноста на човекот потсвесно да претчуствува. Натприродните својста што ги поседуваме (парапсихолозите ни ги препишуваат без капка сомневање) ни дозволуваат да предвидуваме некои идни ситуации. Но информацијата за нив ние ја складираме во својата потсвест. Дури кога навистина ја преживуваме ситуацијата предвиденото испливува во нашето сознание. Други причината за овој феномен ја бараат во сосема различен правец. Според нив, нашиот ум понекогаш се вклучува во мрежата на непознатата космичка димензија. Во него се чува (дури и во писмен вид!) целата вистина за минатото, сегашноста и иднината на светот. Во таквите моменти нашиот ум ја чита вистината за иднината, но заедно со тоа настаните ги преживува и на јаве. Се случува нешто како дуплирање на дејствата. Оттука-чувството за нешто познато.
Некои, пак, се категорични дека фалшливите спомени доаѓаат до нас по телепатски пат. Друг човек, кој се наоѓа на истото место со истото време, со кого сте во умствена врска, ви го предава она што го гледа и што го слуша во моментот, неколку секунди пред вие самите да го видите и чуете.
Сите објаснувања околу веќе виденото се прилично неверојатни и тешки за верување, но впрочем, таква е и природата на ваквиот феномен, прилично неверојатен.
[уреди] Наводи
- RV Small et al; Dimensions of Interest and Boredom in Instructional Situations. (1996) Текстот во целост, онлајн: [1]
|
|
---|---|
Анксиозност • Апатија • Вина • Вознесеност • Глупавост • Гордост • Горчина • Депресија • Досада • Ентузијазам • Задоволство • Засраменост • Збунетост • Изненадување;• Лутина • Љубов • Љубомора • Меланхолија • Навредност • Надеж • Омраза • Осаменост • Отфрленост • Паника • Разочараност • Самозадоволство • Срам • Среќа • Сочувство • Страв • Страдање • Фанатизам • Фрустрираност • |