Филип Петровски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филип Петровски | |
Роден | 28 мај, 1972 Куманово |
---|---|
Националност | Македонeц |
Занимање | Библиотекар |
Образование | Магистер по меѓународна политика |
Филип Тихомир Петровски (роден на 28 мај 1972 година во Куманово) е македонски интелектуалец, политички активист и библиотекар. Оженет е. По потекло е Македонец. Зборува англиски јазик. Магистер е по меѓународна политика.
- Во моментов е директор на градската библиотека Браќа Миладиновци од Скопје. На оваа позиција доаѓа со одлука на скопскиот градоначалник Трифун Костовски во 2005. Главни проекти кои што се на агендата на библиотеката со неговото доаѓање се дигитализирање на книжевното богатство на библиотеката и популаризирање на истото. Тоа е проект кој има неколку димензии. Позначајната е создавањето на голема мрежа на адреси и страници на интернетот на кои што ќе може да се најдат книгите на македонски јазик во дигитална форма и ќе може да се преземат бесплатно.
- Во исто време тој ја заврши својата магистерска теза Реформа на системот за колективна безбедност на ООН. Темата е интересна за Македонија од повеќе аспоекти. Прво, Република Македонија е примена во ООН под референцата FYROM со резолуција на Советот за безбедност. Во таа насока неопходно е да се одговори како Република Македонија во иднина ќе го реши овој проблем, односно како ќе делува во најголемата светска организација. Второ, во 2007 претседател на Генералното собрание ќе биде Срѓан Керим. Со тоа позицијата на Република Македонија ќе се засили и неопходно е да се изгради стратегија за создавање на подлога за зголемување на влијанието на Република Македонија во ООН, односно за создавање на позитивна клима меѓу светските држави во интерес на Република Македонија. Оваа магистерска тема се обидува да одговори токму на прашањето како да се реформира Системот за колективна безбедност, односно која може да биде улогата на Република Македонија во тој процес.
- Од септември 2007 тој работи на својот докторат, кој исто така се занимава со прашања поврзани со колективната безбедност на ООН.
Содржина |
[уреди] Последипломско образование
- По покана на американската Влада во 1998 година е единствен преставник од Македонија и Балкан на Проектот за млади европски лидери (англиски:1998 USIA International Visitor Program, A Project for Young European Leaders)
- Во 1999 ја посетува школата за Влада на САД (Џон Ф. Кенеди), на Универзитетот Харвард - Интернационално лидерство и економски развој (англиски:1999 Harvard University, John F. Kennedy School of Government – International leadership and economic development)
- Во 2007 ги заврши магистерските студии по меѓународно право и политика на магистерска тема - Реформа на системот за колективна безбедност на ООН, со професорот Тања Петрушевска како ментор.
[уреди] Движење во кариерата
[уреди] Студентски денови
- Во 1996 година од страна на повеќе студенти е промовиран за кандидат за Претседател на Сојузот на студентите на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, но поради јавното признание за членство во политичка партија е оневозможен процедурално воопшто да стигне до гласачки ливчиња.
- За време на студиите учествува во студентските протести 1997, по повод донесувањето на законот за Педагошки факултет од страна на Владата на РМ.
- За своите активности од страна МВР ќе му биде отворено политичко досие со шифра МАРТА, во кое е дефиниран како опасен за уставниот поредок на РМ. Дерегистриран е после станувањето пратеник во македонското Собрание.
- Досието целосно е објавено во дневниот весник Македонија денес, во 9 продолженија, во 2000 година. Тоа е доказ за злоупотребувањето на службите за безбедност на државата за интересите на СДСМ, а во борба против неистомислениците.
- Дел од активностите на протестите можат да се проследат низ слики на блогот * , македонија '97
[уреди] Пост-студиски период
- 1997 Потпретседател на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ
- 1997 шеф на кабинет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ
- 1997 - 2000 Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Тој го води подмладокот на ВМРО во првата парламентарна победа во 1998 и е кандидиран на пропорционалната листа на партијата на местотo број 7.
- 1997 - 1998 Повремен колумнист во неделникот „Фокус“, како и во гласникот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Завет.
- 1997 - 2002 Член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
- 2000 предавач на експерименталната програма ПЕКСНАС на тема политички систем, по покана од страна на раководителите на програмата.
[уреди] Нов милениум
- 2001 Претседател на партиската комисија за надворешни работи по договор и овластување на Борис Трајковски кој во тоа време беше Претседател на Република Македонија.
- 2001 Учесник во одбраната на татковината во полициските резервни сили, ангажирани во Тетовско, присутен на сите фронтови.
- 2002 Доживотен член на меѓународната бизнис заедница на Њу Џерси, за постигнати резултати во соработката.
- 2003 Секретар на Комисија за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот 2003-2006 остварени над 200 средби со дипломати акредитирани во Македонија.
- 2004 Активен учесник во кампањата за Референдумот по повод контроверзниот Закон за децентрализација.
- 2005 - 2006 Координатор на политичката академија на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Дипломатски работи и меѓународна политика“, истовремено и еден од предавачите.
- 1995 - 2006 Учесник на повеќе десетици меѓународни семинари на европски десничарски младински политички и студенстски организации (Демохристијанска унија на млади, Европски млади конзервативци, Европска народна партија...)
- 2006 Коорганизатор со Срѓан Керим на изложбата „Луѓе кои го сакаат Њујорк“, одржана под покровителство на Музеј на Град Скопје. Изложбата може да се погледа на блогот * Њујорк - Скопје
- Ангажиран активист во процесот на Лустрација, кој долги години се одолговлекува во Македонија
- 2006 член на македонскиот ред на Витези Темплари - Свети Наум Охридски.
- 2004 - 2005 Повремен колумнист во дневниот весник „Дневник“
- 2007 - 2008 Редовен колумнист во дневниот весник „Утрински Весник“.
[уреди] Државни функции
[уреди] Парламент
- Пратеник во Собранието на Република Македонија во периодот од 1998 до 2001 година.
- Бил член на собраниската комисија за контрола на УБК и АР;
- на Анкетната комисија за заштита на човековите права и слободи
- и на Комисијата за млади и спорт.
[уреди] Министерство за надворешни работи
- Од декември 2001, со одлука на Владата на Република Македонија е наименуван како прв генерален конзул во Генералниот конзулат на Република Македонија во Њујорк.
- По смената на власта во 2003 е брутално разрешен од функцијата генерален конзул, од страна на Владата на СДСМ, како израз на политички реваншизам. Во целата постапка не добил објаснување на писмено зошто е разрешен. Целиот процес беше проследен со медиумска хајка организирана од Илинка Митрева. Дел од коренспонденцијата на оваа тема со тогашниот Министер за надворешни работи и Премиер е поместена во книгата Уште еднаш за нас.
[уреди] Култура и градска управа
- Од 2005 година е директор на градската библиотека Браќа Миладиновци во Скопје. Со процесот на децентрализација во 2004 Градската библиотека Браќа Миладиновци - Скопје, заедно со уште 7 културни институции премина во надлежност од Министерство за култура на градската локална самоуправа.
[уреди] Библиографија
[уреди] „За нас“, Македонска книга, Скопје, 2002
Период 1997-2001 политички ставови, говори во Собранието на РМ, како и интервјуа поврзани со македонско национално прашање.
Книгата може да се преземе бесплатно во ПДФ формат на следниот линк: http://zanas.blog.com.mk/
[уреди] „Уште еднаш за нас“, Панили, Скопје, 2006
Период 1995-1997 и 2001-2005, колумни објавувани во Завет, Фокус и Дневник.
Книгата може да се преземе бесплатно во ПДФ формат на следниот линк: http://zanas2.blog.com.mk/node/58347
[уреди] „Антиблог за Филип Петровски“, Аквариус, Скопје, 2008
[уреди] Насловни страници на издадените книги
Корица од книгата За НАС, политичка хроника Книгата може да се преземе бесплатно во ПДФ формат на следниот линк: * За нас |
Корица од книгата Уште еднаш за НАС, политичка хроника Книгата може да се преземе бесплатно во ПДФ формат на следниот линк: * Уште еднаш За нас |
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Интервјуа и текстови за библиотеката
- ДА УЧИМЕ ОД УМОВИТЕ ВО РИЗНИЦАТА НА ПИШАНИОТ ЗБОР, Македонско Сонце, 2006
- Градската библиотека е важна културна институција, Утрински Весник, 2006
- Чекајки ја е-Македонија, Вечер, 2 декември2006
- Нема пари за двојазичност, Вест, февруари 2006
- Министерот за финансии ја злоупотребува позицијата Утрински Весник
- Македонски книги во американски библиотеки Дневник, 1 март 2006
- Новогодишен саем на книгата во Скопје Дневник
- Градската библиотека со светски стандарди Дневник
- Околу пет илјади книги - честитка за јубилејот Дневник
- Македонски книги од пред неколку века на изложба во Париз Дневник
- Најзначајно е да се направи електронска збирка на книги Форум Плус, број 10, 19 Ноември 2005
[уреди] Колумни
- Првите чекори, Колумни, ВМРО-ДПМНЕ
- Фабрика Дневник
- неопходност од реформа во МНР
- Македонија и европското позитивно ави Дневник, 10 декември 2005
- Иднината на Косово Дневник, 3 декември 2005
- Шанса за нас Дневник 19 ноември 2005
- Ние во НАТО - "Мало сутра" Дневник 3 ноември 2005
- Шенгенски ѕидови Дневник 24 септември 2005
- Кондово локално, ефекти глобално Дневник 3 септември 2005
- Јоване, Јоване Дневник 27 август 2005
- Македонија помеѓу доброто и злото Дневник 11 јуни 2005
- РАСПАЃАЊЕТО НА МТВ Дневник 4 јуни 2005
- Ајде да и изградиме споменик на Цеца Дневник 21 мај 2005
- Успаванка за Радмилу М Дневник 23 април 2005
- На власта и треба демократска докапитализација Дневник 19 март 2005
- Интерпелацијата не е антидржавен чин Дневник 26 февруари 2005
- Дипломатија, дипломати или профитери Дневник 12 февруари 2005
- Сите бевме заложници Дневник
- Нашата заложничка драма во Ирак Дневник
- Потценувачки однос на власта Дневник
- Почеток на крајот Дневник
- Власта се плаши од пораз Дневник
- Министерство за незавршени работи Дневник
- НЕОПХОДНОСТ ОД РЕФОРМА ВО МНР Сајт на ВМРО-ДПМНЕ
- Законот е преопширен и конфузен Дневник
[уреди] Надворешни работи
- Илинка Митрева пасивно се однесува кон проблемите Канал 5, 12.08.2005
- МНР нема ниту една средба со егејските македонци A1, 13.08.2005
- Власта ја игнорира опозицијата за името A1, 30.04.2005
- Филип се врати на барикадите Дневник 12.10.2003
- Американците бараат да си го прибереме горопадниот Филип, Дневник 18 март 2003
- Моите права ќе ги барам на суд, Повод: "Батлер приложил докази за поведението на Петровски" ,Дневник, 19 Март 2003
[уреди] Блогови, книги, фотографии и уметност
- Промоција на книгите За нас и Уште еднаш за нас, сајт на ВМРО-ДПМНЕ
- Студентски протести 1997 блог со фотографии од 1997 од личната колекција на Филип Петровски
- Книгата За НАС
- Луѓе кои го сакаат Њујорк фотографии од Њујорк од личните колекции на Срѓан Керим и Филип Петровски
- Градска Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје , веб сајт на градската библиотека Скопје
- Има равенка за успешен референдум Време, број 206, 05.10.2004
- Катчето е мост на разбирање помеѓу САД и Македонија Утрински весник
- Три интимни приказни за Њујорк Вест 22.6.2006
- ЊУЈОРК НИЗ ФОТОГРАФИИТЕ НА Д-Р КЕРИМ, ОРЛАНСКИ И ПЕТРОВСКИ
- Дипломатскиот поглед врз Њујорк Утрински весник, 22.6.2006
- НА БИТОЛСКО КУЛТУРНО ЛЕТО Њујорк низ фотографиите на Керим и Петровски Вест, 13.7.2006
- Македонските темплари формираа Витешки ред "Свети Наум Охридски" Вест 10.9.2006
[уреди] 2001 година и претходно
- Филип Петровски нов лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Мак вести, 23.9.1997
- очигледно е оти Македонија е нападната 6 јуни 2001
- Почна дебатата за амандманите A1, 20.09.2001
- Пратениците го бараат Трајковски на говорница Дневник, 21 септември 2001
- Собранието го изгласа почетокот на уставните измени A1, 06.09.2001
- Солана ги карал радикалните вмровци Вест, 9 август 2001
- Деминутив Утрински весник, 25 октомври 2002
- заминувањето на досегашниот претседател на Македонската карате федерација, Филип Петровски Вест, 14.2.2001