2 декември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ное - Декември - Јан | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | 31 | ||||
календар за 2008 г. Сите дати |
2 декември е 336-иот ден во годината според григоријанскиот календар (337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.
Настани:
1805 | Наполеон Бонапарта ги победи руско-австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чехословачка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги порази сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Фрањо Втори утредента склучи примирје со Наполеон. Аустерлиц стана поим за брза победа. |
1942 | Во Чикаго за првпат практично е остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го изведоа научниците кои работеа на тајниот проект за производство на првата атомска бомба. |
1944 | Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје - Битола и Прилеп - Битола и со мобилизацијата на четирите расположиви автобуси, почна новата историја на сообраќајната гранка во Македонија. Собранието на Деловната заедница „Македонија сообраќај“ на 04.12 1984 година, донесе одлука 2 декември да биде прогласен за Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија. |
1946 | По борбата што се водеше помеѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин - Псодери, грчките власти го почнаа теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеа грабежи, горење и пустошење. Изгореа 46 трла, плевни, воденици, а беа фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци. |
1956 | Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истоварија на Куба и почнаа успешна борба, која заврши со соборување на диктаторскиот режим на Баиста. |
1993 | Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
1997 | Во Новокузњецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинаа 61 рудар. |
Родени:
1962 | Владо Бучковски, поранешен премиер на Република Македонија. |
Починале:
1918 | Едмонд Ростан, француски неороматичарски поет и драмски писател. |
1974 | Лајош Зилахи, унгарски писател. |
Празници:
1944 | Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |