Градска Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Градската библиотека "Браќа Миладиновци" Скопје има книжевен фонд од преку милион публикации обработени според најновите меѓународни стандарди за монографски и сериски публикации. Компјутеризацијата е длабоко навлезена во библиотеката со системот македонска виртуелна библиотека КОБИС (COBISS) и со проектот на зачувување на стари книги е – книга.
[уреди] Клонови
Градска Библиотека Браќа Миладиновци - Скопје
|
||
Централна библиотека
Славко Јаневски |
Централна библиотека
Страшо Пинџур |
Централна библиотека
Цветан Димов |
Клонови
|
||
Карпош | Стале Попов | Ферид Бајрам |
Димитар Влахов | Антон Панов | Кочо Рацин |
Ѓорче Петров | Рајко Жинзифов | Коле Неделковски |
Ибе Паликуќа | 13-ти Ноември | 25-ти Мај |
Св. Климент Охридски | Гоце Делчев | |
Кирил Пејчиновиќ | Ѓорѓи Абаџиев | |
Марко Цепенков | Наум Охридски | |
Јане Сандански | Глигор Прличев | |
Мито Хаџивасилев – Џинот |
[уреди] Историја
Писмото, книгата и читањето во Македонија имаат вековна традиција. Првобитното библиотекарство се развивало по манастирите и црквите каде што се пишувани, препишувани, чувани и ширени книгите. Основите на првобитното манастирско библиотекарство во Македонија се поставени од словенските просветители Климент Охридски|Климент и Наум Охридски уште во 10 век.
Во 1566 година во името на Јаков од Камена Река се јавува првиот македонски печатар, а само четири години подоцна скопјанецот Кара Трифун отворил книжарница во Скопје.
Во 1837 година во Солун е отворена првата македонска печатница од архимандритот Теодосиј Синаитски. Во манастирската библиотека во Марковиот манастир Св. Димитрија кон средината на 19 век имало околу 20 товари ракописни и добро сочувани книги.
Во истиот период, пак, манастирската библиотека при манастирот Св. Пантелејмон кај селото Нерези, Скопско имала 30 товари ракописни книги претежно напишани на пергамент. Во средината на 19 век се појавуваат првите граѓански библиотеки и читалишта. Првите исламски библиотеки во состав на џамии и медреси на овој дел од Балканот се отворени во Македонија.
Според едно сочувано вакувнаме од 1445 година за Иса бег во Алаџа Џамијата во Скопје имало библиотека која при своето формирање соржела околу триесетина одбрани книги на арапски јазик.
Веќе во втората половина на 19 век се јавуваат и првите приватни (семејни) библиотеки, зема замав отворањето на читалишта како и појавата на училишни библиотеки.
Библиотекарството во периодот од 1880 до 1918 година доживува висок развој но и сериозни потреси
Со отворањето на Филозофскиот факултет во Скопје во 1920 година е отворена првата Универзитетска библиотека во Македонија. Во април 1922 година е отворена Скопската народна библиотека и читална, а во 1933 година е основана Јавна библиотека на град Скопје. Во 1940 година Библиотеката располага со фонд од околу десет илјади книги.
По Втората светска војна во 1944 година е основана НУБ “Св. Климент Охридски”, а во 1945 година, на 15 ноември е основана Градската библиотека којашто од 1963 година го добива името “Браќа Миладиновци”. Од 1974 година сите библиотеки во Скопје се интегрираат во Библиотеката “Браќа Миладиновци”.
Во моментов, од 2005 година, директор на градската библиотека е м-р Филип Петровски.
Повеќе информации можат да се најдат на [[1]]
[уреди] Надворешни врски
- Градската библиотека " Браќа Миладиновци"
- е – книга Бесплатна база на книги во електронска форма