Википедија:Портал/Новости
Од Википедија, слободна енциклопедија
Разно - пиши
Идеи - пиши
Новости - пиши
Техника - пиши
Вики политика - пиши
Правопис и граматика - пиши
Помош - пиши
Критики - пиши
Other languages - message
Авторски права
Упатство за уредување
Уредување страници
Почнување нова статија
Конверзија во кирилична поддршка
Подредување по азбучен редослед
[уреди] Нов портал
Бидејќи сите беа за изгледот на новиот портал, си земав дозвола да го активирам. Старите дускусии стојат во делот Википедија:Портал/Разно, и мислам дека треба да ги архивираме. --Милош 18:21, 17 Април 2006 (UTC)
[уреди] Проработе Портал:Македонија!
Како што и самиот наслов вели, проработе Портал:Македонија ! Навистина ми е чест да ви го претставам овој портал, вакво нешто требавме одамна да имаме! Со грациозната техничка поддршка на колегата Милош успеав да го воздигнам од нула и да го потсредам на пристојно ниво. Сепак, лично сметам дека треба уште многу да се збогати со разни содржини и информации. Епа ајде, навалите сите патриоти (а и тие помалку загреаните) да го направиме овој наш прв портал величенствен и достоен на темата која ја обработува! --Б. Јанкулоски 06:00, 17 Април 2006 (UTC)
[уреди] Потполно нов изглед и функционалност на Викикниги!
Како што стои во насловот Викикниги имаат сосема нов изглед и функционалност. Основниот изглед го базирав на српските Викниги, но со доста промени и, се разбира, македонска содржина. Еден или два елемента сеуште не се поставени - затоа ги барам вашите сугестии за изгледот и функционалноста на тие делови.--Б. Јанкулоски 04:28, 16 Април 2006 (UTC)
[уреди] Завршена промена на именски простори
Веројатно приметивте, заврши промената на именските простори. Сепак, не пројде толку глатко како што очекував - има некои проблеми. Сите стрници што покажуваат на Wikipedia:Портал моментално се пренасочуваат на англиската википедија. Се надевам дека е привремен баг, до тогаш секаде каде ќе видите врска то Wikipedia:Портал сменете ја во Википедија:Портал. Сите други грешки пријавете ги овде или на мојата страница за разговор. --Милош 19:52, 19 Април 2006 (UTC)
[уреди] На wikibooks сме тринаесто прасе
http://s23.org/wikistats/wikibooks_html.php
Сега сме на десетто место:
http://s23.org/wikistats/wikibooks_html.php
- Браво. Секоја чест, навистина. Но, како по обичај, јас ќе промрчам за некои работи, затоа што гледам дека никој не реагира. Имено, на нашиот Wikibooks имаме прилично голем број на дела што се авторски дела, особено во делот за Историјата на македонскиот народ. Тоа е доста сериозно. Доколку Виолета Ачковска на пример, дознае дека без дозвола е издадена цела нејзина книга на интернет, не верувам дека ќе биде восхитена. Понатаму, некои, т.е. повеќе од текстовите, би требало да се стават во Wikisource, зошто тоа е делот за таков тип на дела. (За жал, таков дел уште немаме, така што дотогаш, може да останат на Wikibooks) Исто така, загрижува и големиот број на дела на англиски јазик. Ова што го кажав се должности на администраторите и ќе ве молам да интервенирате. --FlavrSavr 01:56, 9 Јуни 2006 (UTC)
-
- Ако, само ти мрчи си. Само преку борба на „мрчења“ се доаѓа до квалитет! ; ) Ете вака сега, сите работи што се издадени се земени од места каде што нема за нив експлицитен copyright. Повеќето работи се очигледно слободни за копирање, како на пример: народните песни, книгите и статиите на Мисирков, статиите од Ристо Стефов, апстрактите на книгите, извештаите од конференции и сл. Се’ она што нема експлицитен copyright, се подразбира дека е слободно за фер употреба (некомерцијална употреба, каде што се наведува авторот и изворот), а викибоокс е токму таков случај. Ако некој автор се пожали, се разбира дека веднаш ќе ја тргнеме, без двоумење.
-
- Има не само на англиски, туку и на бугарски, руски, турски, француски и уште неколку други јазици. Некои од тие статии дефинитивно треба да се преведат и на македонски.
-
- За втората работа си во право, повеќето од содржините припаѓаат на викисорс. До сега не бев погледнал како е дефиниран викисорс, ама мислам дека за ова сугестија сосема си во право. Штом најдам малку повеќе слободно време, ќе одворам македонска секција на викисорс (и на викимедија) и ќе префрлам се’ што одговара во тие страници.
-
-
- Мрчење бр.2 :-) - Тоа што нема експлицитен copyright во никој случај не значи дека делата се во јавен домен. Напротив, треба да е нагласено дека делата се во јавен домен, за тие навистина да бидат без копирајт на авторот. Нашиот Закон за Авторски права никаде не предвидува одредба дека мора да стои copyright за делото да е заштитено од неовластено копирање. Такви одредби не познава ни американската легислатива, на која се базира функционирањето на Википедија. Значи, повторно, ако нема дозвола од авторот, тоа што се прави е кршење на авторските права. Знам дека ова е ептен како мрчење, ама објавување на цели книги без дозвола е навистина сериозен прекршок, и Викимедија може да има прилично проблеми со тоа. Кредибилитетот на Википедија е исто така во прашање, не би сакале утре да пишува по весници дека крадеме нечии дела, не? --FlavrSavr 23:00, 10 Јуни 2006 (UTC)
- За жал ќе мора да се согласам со FlavrSavr, колку што јас знам мора да се има експлицитна дозвола и во случај кога не стои знак за копирајт. Има некакви шанси да се добие дозвола за тие текстови? --Милош 23:16, 10 Јуни 2006 (UTC)
- Мрчење бр.2 :-) - Тоа што нема експлицитен copyright во никој случај не значи дека делата се во јавен домен. Напротив, треба да е нагласено дека делата се во јавен домен, за тие навистина да бидат без копирајт на авторот. Нашиот Закон за Авторски права никаде не предвидува одредба дека мора да стои copyright за делото да е заштитено од неовластено копирање. Такви одредби не познава ни американската легислатива, на која се базира функционирањето на Википедија. Значи, повторно, ако нема дозвола од авторот, тоа што се прави е кршење на авторските права. Знам дека ова е ептен како мрчење, ама објавување на цели книги без дозвола е навистина сериозен прекршок, и Викимедија може да има прилично проблеми со тоа. Кредибилитетот на Википедија е исто така во прашање, не би сакале утре да пишува по весници дека крадеме нечии дела, не? --FlavrSavr 23:00, 10 Јуни 2006 (UTC)
-
- Добро, двајца на еден, ме победивте. Ајде тогаш да направиме план: Прво да отвориме македонска секција на www.wikisource.org, и потоа да ти префрлиме сите статии кои се во јавна сопственост (народните песни, Мисирков, итн...) Потоа за другите статии да побараме дозвола од нивните автори. На тој начин може да ги заинтересираме, и тие самите да објават и други статии и книги.--Filip M 15:29, 12 Јуни 2006 (UTC) 11:52, 12 Јуни 2006 (UTC)
-
- Во ред, супер идеја. --FlavrSavr 10:23, 13 Јуни 2006 (UTC)
-
- Македонските народни песни се навистина во јавна сопственост. Но, заради трудот кој е вложен во нивното собирање и публикување, мислам дека е чесно да се стави линк кон мојот блог од каде се земени повеќето песни (http://pesna.blogspot.com/), независно дали стојат тука или на вики сорс. Еве гледам дека и Србите ги имаат копирано од тука без наведен извор. На мојот блог стои лиценца Creative Commons attribution - noncommercial, од која вториот дел е задоволен, но не и првиот (лиценцата значи дека давам експлицитна дозвола да се користат материјалите од блогот, под услов да не се продаваат или пакуваат во производ кој се продава, и под услов да бидам наведен како автор, односно извор). -- GoodBytes 15:54, 24 јануари 2007 (UTC)
-
-
- Повеќето песни до сега се собрани од http://www.unet.com.mk/starimakpesni/ и трансформирани во кирилица. Јас уште не сум почнал да зимам од твојот блог, но имаше некој друг што додаваше песни, веројатно од твојот блог. На тие што се додадени од твојот блог, но и на повеќето од другите, има надворешна врска накај твојот блог. Ако мислиш дека тоа треба да биде назначено поинаку, те молам земи и уреди една песна (или сите песни) по тој урнек, и јас ќе продолжам така да ги уредувам. Песните ги префрлуваме на mk.wikisource.org, па веројатно е подобро таму да уредуваш. Поздра. --Filip M 22:53, 24 јануари 2007 (UTC)
- Јас ги преземав песните од твојот блог, и на сите поставив врска кон него. Врската ќе остане и кога ќе се префрлат на Wikisource. --Милош 23:38, 24 јануари 2007 (UTC)
- Во ред, фала Филип и Милош, мојата реакција беше заради две нешта: Филип погоре кажа дека песните се во јавна сопственост, и тоа е точно, а јас сакав тоа да го дополнам, а и затоа што забележав многу македонски песни на српскиот викисорс кои не го наведуваат изворот (можеби и тие се од сајтот на Унет). Инаку за начинот на кој се ставени назнаките, сосем е во ред вака како што досега ги поставуваше Милош. Патем, веќе имам над 500 песни и паралелно додавам аудио семплови, транскрипција во латинично писмо, и преводи на англиски и француски јазик (кои изгледаат малку смешно). И за крај, да не се разбере погрешно мојата реакција: јас сакам текстовите од песните да бидат публикувани и тука, веројатно понатаму и самиот ќе ги додавам, бидејќи целта ми е да бидат достапни до што повеќе луѓе. --GoodBytes 02:59, 25 јануари 2007 (UTC)
- Јас ги преземав песните од твојот блог, и на сите поставив врска кон него. Врската ќе остане и кога ќе се префрлат на Wikisource. --Милош 23:38, 24 јануари 2007 (UTC)
- Повеќето песни до сега се собрани од http://www.unet.com.mk/starimakpesni/ и трансформирани во кирилица. Јас уште не сум почнал да зимам од твојот блог, но имаше некој друг што додаваше песни, веројатно од твојот блог. На тие што се додадени од твојот блог, но и на повеќето од другите, има надворешна врска накај твојот блог. Ако мислиш дека тоа треба да биде назначено поинаку, те молам земи и уреди една песна (или сите песни) по тој урнек, и јас ќе продолжам така да ги уредувам. Песните ги префрлуваме на mk.wikisource.org, па веројатно е подобро таму да уредуваш. Поздра. --Filip M 22:53, 24 јануари 2007 (UTC)
-
-
-
-
-
-
- Што се однесува до српската википедија, пиши им. Не ми се верува да има проблем да го додадат линкот. Твојот блог е одличен, и изборот на песните е одличен. Се разбира, повеќе од добродојден си да едитираш и да ги додаваш песните и на вики. Јас мислам дека песните ќе ги паркираме на викиизвор www.mk.wikisource.org, затоа ако додаваш, додавај ги таму. Јас би додал линк накај твојот блог на сите песни. Единствено не знам како ќе стигнам со време. Ако имаш ти време, слободно додавај линкови. Поздрав --Filip M 15:22, 26 јануари 2007 (UTC)
-
-
-
-
[уреди] Барање за македонски домен на www.wikisource.org
Отворив барање за македонски домен на www.wikisource.org. Ве молам да гласате:
- Јас гласав, не е лошо и другите да гласаат. --Милош 12:27, 20 Јуни 2006 (UTC)
Направив Главна Страницаза викизвор (според хрватската и англиската). Ве молам да погледнете и да корегирате. Гласањето уште трае. Ако сакате да гласате, кликнете на линкот погоре.
[уреди] Се вратив!
Здраво на сите! Јас сум пак на Википедија по еднонеделна пауза. Што има ново? Boyan 15:26, 17 Јуни 2006 (UTC)
- Па, ништо посебно, стандардните причи. Ваљда сите гледаат фудбал :) На српската википедија видов интересен проект... Би имало заинтересирани и овде за такво нешто? --Милош 20:05, 18 Јуни 2006 (UTC)
Ми фаќа око тој проект. Како за мене, мислам дека оддамна го практицирам - без скромности ;-) Boyan 09:15, 19 Јуни 2006 (UTC)
[уреди] 100$ Лаптоп
Мислам дека сите знаете за проектов. Новост е што како дел од софтверот ќе биде вклучена и дел од базата на Википедија (прочитајте повеќе)! Во Микро пишува дека целиот софтвер ќе биде локализиран, па така би требало да се појави и регионалната верзија на Википедија. Значи, треба да почнеме со поорганизирано внесување на неопходните статии, ревизија на старите, чистење на нелиценциран материјал и сл. Ова е одлична прилика за промоција на Википедија, не би сакал да ја упропастиме. Ме интересира вашето мислење/идеи како да се тргне со уредување. --Милош 11:32, 15 август 2006 (UTC)
- Како мислиш "регионалната верзија на Википедија"? Ќе има некоја статична верзија на сајтот како софтвер? --FlavrSavr 23:47, 15 август 2006 (UTC)
- Софтверот и сега може да се превземе и да се стави на локална машина. Станува збор за MediaWiki, на кој би требало да се додаде соодветната база со сегашните статии. Проблемот е што тие бази се многу големи за развиените википедии (пр. англиската википедија тежи над 2 гигабајти). Нашата е малечка и сега за сега тежи 7 мегабајти (компресирана). --Милош 07:38, 16 август 2006 (UTC)
[уреди] Конечно mk.wikisource
После неколку месечно чекање, имаме и wikisource на македонски јазик. Засега е празен, ама во скоро време се надевам дека ќе ги поставам сите песни од блогот на GoodBytes. --Милош 22:41, 22 октомври 2006 (UTC)
Одлично. На викикниги имаме доста материјали кои треба да се префрлат на викиизвор. --Filip M 15:27, 19 декември 2006 (UTC)
Почнав да ја стедувам страницата. Погледнете ако имате време и помагајте. --Filip M 00:05, 28 декември 2006 (UTC)
[уреди] Прва регионална Вики конференција
Како што сите, или повеќето знаат, штотуку се вратив од Белград, каде, на покана од Викимедија Србија, присуствував на првиот регионален состанок на Викизаедниците, и ги претставував македонските проекти на Викимедија (Википедија, Викиречник, Викикниги). Сега за сега, тоа, ќе напишам подетален извештај за сѐ, а за да ја добиете презентацијата, ве молам зачленете се на нашата мејлинг листа, или пак испратете ми електронска пошта дека сакате да ја добиете. --FlavrSavr 21:47, 19 декември 2006 (UTC)
[уреди] Извештај
- Официјално соопштение до јавноста на Викимедија Србија: пред и по оддржувањето на конференцијата.
На 16 и 17 декември 2006 година во Белград, во Домот на младината (ДОБ) се оддржа регионалниот состанок на Викимедија, што на мое изненадување, е прв регионален состанок од овој тип. Второто изненадување, што веројатно е грешка на мојата првична перцепција, е тоа што под регион, не се подразбираше Балканот, туку Европа. Всушност, тоа беше видливо и од структурата на учесниците, каде освен балканските заедници (Србија, Хрватска, Македонија, Словенија), голем акцент беше ставен на Викимедиските заедници на Холандија и Германија (за жал, поради временските непогоди не дојде претставничката од Франција).
[уреди] Прв ден
Во Белград пристигнав на 16ти (сабота) утрото, и градот беше тотално освоен од тешка и густа магла. Заради истата магла, претходната вечер, претседателот на Викимедија Холандија и член на бордот на Викимедија Фондацијата, Оскар ван Дилен беше принуден да слета во Скопје, од каде што автобус на ЈАТ ги пренесе до Белград следниот ден. Оваквите временски неприлики беа причина и речиси сите странски учесници да не стигнат во Белград навремено. Флоранс Нибар-Девуар (претседател на бордот на Викимедија) и Делфин Менар (координатор на ограноците на Викимедија) веќе го откажаа своето присуство, а неизвесно беше присуството и на сите други учесници кои живеат северно и западно од Љубљана. Згора на тоа, изостана техничката поддршка од ДОБ, па не се реализираше планираниот видеолинк со истовремениот состанок на Полската Викимедија (одлична идеја!), а во текот на денот немавме ни проектор.
И покрај ова, ни во еден момент, не се почуствува некаква нервоза или напнатост. Напротив, уште на првото запознавање на кое беа присутни домаќините од Белград, гостите од другите градови од Србија (Панчево, Суботица, Нови Сад, Бачка Топола итн.), Оскар, како и претставникот на словенечката вики заедница, Роман Маурер, се создаде една опуштена атмосфера, и (барем јас) имав впечаток дека дури и ништо да не се случи на конференцијата, состанокот е успешен! Веднаш нормално, се разврзаа муабетите за вики згодите и незгодите, зошто и како сме се вклучиле во Википедија итн, итн... мразам да користам њу ејџ терминологија (особено во ваков контекст), ама навистина се осеќаше тон позитивна енергија уште на стартот.
Во продолжение на денот, свесни дека конференцијата од објективни причини не може да оди по планот, се направија некои рокади: конференцијата ја отвори Оскар, а со излагање продолжија Никола Смоленски и Горан Обрадовиќ, кои изложија еден краток историјат на Српската Википедија и нејзините успеси (ср.вики има во моментов 40.000 статии). Потоа следеа две предавања на Оскар, за вики софтверот, и неговата филозофија, како и за Фондацијата Викимедија. Всушност, Оскар во целост го замени предавањето на Флоранс. Во меѓувреме, новинарка од Радио Белград ги интервјуираше учесниците на конференцијата, и се надевам дека не звучев премногу поспано кога зборував за нашата Википедија! :)
[уреди] Втор ден
Вечерта претходниот ден, како и неделата (17 декември), во Белград конечно пристигнаа сите учесници. Навистина бев изненаден од нивната упорност и решителност - некои од нив чекале по европските аеродроми (Милано, Амстердам, Франкфурт, Виена) и повеќе од еден ден, а пристигнаа во Белград на најразлични начини (автобус, авион, или комбинирано). Тоа само ја потврди мојата претпоставка дека самото среќавање беше битна цел сама по себе, но за тоа повеќе подоцна.
По прошетката низ стар Белград и Калемегдан, започна конференцијата по изместен и позбиен распоред одошто беше планирано, бидејќи речиси сѐ од претходниот ден беше префрлено за овој ден. Првин започна излагањето на Матијас Шиндлер за германската Википедија и германската Викимедија, и останува впечатокот дека германската заедница е најорганизирана од сите. Како што можеби знаете, германската Википедија беше прва (а мислам дека сеуште и единствена) што излезе во DVD формат. Исто така, нивната внатрешна организација е доста специфична во однос на другите поголеми Википедии - немаат Арбитрациски Комитет, не употребуваат никулци за означување на малите статии, итн. Тоа што германската Википедија го има во план да го направи во следниот период може да биде револуционерно, но исто така е доста контраверзно - се планира воведување на "стабилни верзии", што би значело дека секоја промена на статијата се проверува од експерт... конкретното техничко решение не ми е докрај разјаснето во моментов. Исто така, тие донесоа Вики промотивен материјал - Википедија знаме, по некој стикер, околувратници, и сл...
Продолжија Роберта Флод и Дарко Чокор од хрватската Википедија, кои на симпатичен начин ни го изложија влијанието што нивната Википедија го има врз хрватското општество - интересна беше една анегдота каде што средношколски професор ги замолил да отстранат неколку статии за неколку дена бидејќи неговите ученици препишувале од Википедија! Потоа следуваше, барем според мене, најдобрата презентација, која повторно ја направи Оскар ван Дилен, а се однесуваше на философијата на знаењето како процес и на значењето на енциклопедијата во поширок општествен контекст. Се допреа доста длабоки теми (пр. едно интересно поврзување на Француската Револуција со Енциклопедистите), за кои можеше да се зборува цела вечер.
Потоа следеше мојата презентација на историјатот на нашите Викимедиини проекти (Википедија, Викикниги, Викиречник), а како прашање кое мислам дека сите нѐ загрижува како заедница, го поставив случајот со статиите поврзани со Македонија на англиската Википедија. Ако се гледа поглобално, ова е сериозно прашање кое се однесува на системската пристрасност и (не)возможноста за неутралност кај контроверзните теми во кои постои нерамномерна застапеност на различни гледишта, односно, видливата опасност од мајоризација на поголемите групи/народи. Мислам дека бев доста внимателно слушан. По мене, следуваше Роман Маурер од словенечката Википедија, кој ни ги презентираше нивните успеси и проблеми (пр. специфичност на словенечката Википедија е што речиси половина од бројот на уредувањата се од еден корисник, кој пак, се чини дека сака да наметне свој печат врз целиот проект). Интересен беше графичкиот приказ на текот на "војната" помеѓу словенечката и српската Википедија со бројот на статиите. На крајот беше презентацијата Херарт Меијсен, за новиот проект кој ќе опстојува независно од Викимедија Фондацијата, а се вика ОмегаВики - иако и мене сеуште не ми е јасно за што сѐ ова чудо од сајт може да се искористи, во најмала рака ќе биде нешто како Викиречник на сите светски јазици.
[уреди] Заклучок
И покрај временските непогоди, оваа прва регионална Вики конференција, барем според мене, беше тотално успешна. Добар е фактот што Википедијанците почнаа да се организираат на ваков начин, бидејќи и покрај тоа што Википедија е онлајн проект, запознавањето на луѓето во живо е сосема ново искуство и целиот ангажман во Википедија добива сосема нова димензија. Помеѓу презентациите, од страна на организаторите, ми беше предложено некој од идните конференции да се одржи во Скопје, како географско и климатско попогодно место. Со оглед на нашата слаба организација во моментов, мислам дека 2007 тешко би било нешто такво да се случи, но во иднина, треба сериозно да размислиме за тоа, бидејќи придобвките се огромни!
--FlavrSavr 17:45, 24 декември 2006 (UTC)
- Баш ме интересира што треба да се направи за да се организира конференција на Википедија? Ако мислиш дека придобивките се големи, можеби може да се разработи идејата во повеќе детали? И, патем, дај користете ја и мејлинг листата. Така многу поедноставно се следат некои вакви вести. --Новица 20:18, 16 јануари 2007 (UTC)
-
- Во принцип, треба да има некаква интерна организација во рамките во самата википедиска активност. Србите имаат огранок на Викимедија, кој сега скоро стана официјален дел на Фондацијата Викимедија. Имаат 40.000 статии, редовни состаноци во ДОБ, постојана координација по мејлинг листа, поделеност по функции (PR, претседател, потпретседател, финансии и сл.) да не зборам за проекти во рамките на самата Википедија. Во принцип, делуваат и се доста сериозни. Значи, просто, за да се организира, треба да се има веќе некаква организација која стои позади соодветниот Википроект во одредена земја. Ние во ноември едвај се собравме 4ца души на пиво. Не се користи мејлинг листата, не знам зошто. Што се однесува до мене, навистина не можам да се нафатам на ништо до крај на април, до кога треба да положам испити, дипломирам, завршам неколку незавршени проекти и организирам 2-3 изложби уз пат. :) --FlavrSavr 08:47, 17 јануари 2007 (UTC)
[уреди] Честитки
Најсрдечни честитки на сите корсници на мк Википедија и големо благодарам на сите нив за придонесите со кои достигнавме преку 10.000 статии!!! Само така! --Б. Јанкулоскиразговор 02:04, 24 јуни 2007 (UTC)
- Ова е супер! Сега пишувам нешто како известување за медиумите, само не сум сигурен од кај да почнам...:-). Честито! Гледам дека и главната страница е редизајнирана... добро е се тоа, само навистина не ми се допаѓа избраниот портал и мултимедијалната содржина, а се надевам дека ќе има некој да го средува делот "На денешен ден". Поздрав, ќе го објавам известувањето на Порталов пред било каде да го пратам, да видите дали е ОК... --FlavrSavr 21:25, 24 јуни 2007 (UTC)
[уреди] Википедија на македонски јазик надмина 10.000 статии
На 22 јуни, mk.wikipedia.org - македонската едиција на Википедија, популарната интернет енциклопедија, ја доби својата 10.000та статија. Со тоа македонската Википедија и официјално се вброи во категоријата на поактивни и поголеми јазични едиции на Википедија.
Македонската Википедија е организирано активна од почетокот на 2005 година, откога бележи постојан раст како во квантитетот, така и во квалитетот на статиите. Како и другите јазични едиции, Википедија на македонски јазик функционира на принципот “слободна енциклопедија”, што значи дека корисниците на енциклопедијата учествуваат во нејзиното создавање.
За бројката од 10.000 статии најзаслужна е колективната работа на дваесетина постојано активни корисници, како и над илјада регистрирани корисници од Македонија, но и од странство: најголем број на уредувања има Бојан Јанкулоски, македонски студент во Нов Зеланд. За нормалното функционирање на енциклопедијата се грижи тим од 8 администратори.
Повеќе за работата на македонската Википедија заедница, јавноста ќе може да дознае на настанот СподелиКино, во заедничка организација со Слободен софтвер Македонија, на 3 јули, во 20 ч., во културниот центар Точка.
- Ај видете дали се е во ред. Мислам дека ќе ги најдам меиловите на уредниците на културните редакции на поголемите весници во Македонија, ама за секој случај, ако знаете некој, кажете да му го испратам. --FlavrSavr 22:56, 24 јуни 2007 (UTC)
- Објавив и на Викимедија --FlavrSavr 22:59, 24 јуни 2007 (UTC)
- Немам некои забелешки, нека иде нешто во етер. Мислам дека ако испратиш информација на новинските агенции МИА и МАКФАКС би требало да заврши најповеќе работа. Ако праќаш по email соопштение стави некој линк кон википедија да не не гуглаат. Јас толку.--brest 23:06, 24 јуни 2007 (UTC)
- Големо благодарам што ме спомнувате! Само една забелешка: презимето ми е без „в“ :) --Б. Јанкулоскиразговор 23:14, 24 јуни 2007 (UTC)
- Средено. Кога го пишував текстот едноставно ќе беше нефер да не те спомнам. Само, "дијаспора" како збор ми е малку, таков... не баш... може треба само од "странство". --FlavrSavr 23:21, 24 јуни 2007 (UTC)
- Да, да никаква „дијаспора“! :) Во Нов Зеланд не постои македонска „дијаспора“, а и како што кажуваш, со себе носи неугледни аконотации. „Странство“ е вистинскиот збор. Туку што стана со изледот на порталите? Проблемот го образложив тука и сметам дека е прилично итен за решавање. --Б. Јанкулоскиразговор 07:56, 25 јуни 2007 (UTC)
Дечки јас го испратив ова на огромен број на новинари (добив листа од една другарка :) ), па се надевам дека некој ќе ја објави веста... Не кажав само за тоа во Точка, зошто и мене не ми е јасно што точно ќе се случува таму, па да не испадне да дојдат новинари да очекуваат некаква видеопрезентација/прес конференција... во секој случај, таму треба минимум да се случи некаква средба меѓу нас, така што Викисредба, некој? :-) --FlavrSavr 15:47, 28 јуни 2007 (UTC)
- Може. Предлог теми за дискусија: редизајн на главната страница :), масовно додавање на статии и нивно средување, лиценци за сликите (и нивно потенцијално отстранување), споредба на квалитетот со другите енциклопедии. --Милош 16:57, 28 јуни 2007 (UTC)
- Јас мислев дека веќе си го пуштил соопштението до медиумите, чекам некакви реакции во некој медиум и нема ништо, а ти сега си го пуштил.
- За предлог темите за дискусија:
- избор на области каде што може да се направи масовен внес на статии
- може ли на легален начин да се дојде до некој дигитален лексикон во некоја област или општ лексикон кој што би се внел во википедија. Колку што можам да забележам во српската википедија има направено таков deal со барем еден издавач, види [sr.wikipedia.org/Речник социјалног рада|Речник социјалног рада]. Јас претпоставувам дека може да најдеме таквии лексикони и кај нас. Пример со помош на еден ваков дигитален речник корисникот razvigor за кратко време успеа да додаде педесетина нови статии, кои за жал ниту ги форматира (wiki), ниту ги категоризира. Мене ми паѓа на ум енциклопедијата во издание на МИ-АН, да видиме дали има простор за соработка на овој план, па да направиме една екипа која професионално ќе го одработи својот дел и ќе ја имаме вики форматирано и категоризирано оваа енциклопедија. (или било која слична). Да ги провериме и кативираме нашите врски со одредени институции во државава, можеби ќе ископаме и други интересни извори.--brest 17:59, 28 јуни 2007 (UTC)
- дали некој кој има подолг стаж на википедија (Милош, FlavSavr, Бојан, Јанкуловски, ...) може да направи некакви статистки кои би биле презентирани на видео бим?--brest 18:10, 28 јуни 2007 (UTC)
-
- Детална статистика (додуша еден месец доцни) има овде. --Милош 13:27, 29 јуни 2007 (UTC)
- Па може и тоа да се искористи, не ми текна за овие статистики. Бидејќи се менуваат некаде на почеток од месецот можеби баш за вики средбата ќе бидат актуелни. Ама сепак премногу се детални и не се погодни за некаква презентација на видео бим. Јас замислував нешто со неколку (2-3 до 5 максимум) слајда со некакви графикони да се привлече вниманието.--brest 13:34, 29 јуни 2007 (UTC)
- Хм, мислам дека може да се среди и прес конференција да се одржи во Точка (ако сакате). Тоа не мора да биде класична (како од телевизија прес конференција, туку онака ако дојдат новинари да знаат кого да прашаат и сл. Со Милош зборевме ова да биде во терминот за кино и ако не ви пречи ние сепак ќе пуштиме едно филмче некаде низ средбата. Новица 20:10, 29 јуни 2007 (UTC)
- Па може и тоа да се искористи, не ми текна за овие статистики. Бидејќи се менуваат некаде на почеток од месецот можеби баш за вики средбата ќе бидат актуелни. Ама сепак премногу се детални и не се погодни за некаква презентација на видео бим. Јас замислував нешто со неколку (2-3 до 5 максимум) слајда со некакви графикони да се привлече вниманието.--brest 13:34, 29 јуни 2007 (UTC)
- Детална статистика (додуша еден месец доцни) има овде. --Милош 13:27, 29 јуни 2007 (UTC)
Бидејќи немаше некоја поголема заинтересираност (само 3-4ца пројавија желба да дојдат), средбата ја одложуваме за друг ден. Сепак, кој сака може да дојде на Сподели кино, јас веројатно ќе бидам таму. --Милош 22:41, 2 јули 2007 (UTC)
[уреди] Нов дизајн за главната страница
Ја адаптирав француската верзија за кај нас, можете да ја погледнете овде. Горните 2 шаблони не се избрани, чекам ваш предлог за „брзи врски“. --Милош 11:09, 23 септември 2007 (UTC)
- Штознам, ја погледнав, француската и можам да кажам дека добро си ја адаптирал. Ама мене, лично, и сегашниот изглед ми се допаѓа, па мислам дека нема потреба да се менува (инаку, добра е и твојата верзија). Поречанец A? 20:24, 23 септември 2007 (UTC)
-
- Сегашниот изглед е многу поарен. Француската ми е некако обична, безбојна. Дефинитивно сегашниот изглед е подобар--strich 21:25, 23 септември 2007 (UTC)
-
-
- И мене сегашниот изглед ми се допаѓа.--Nesho 22:22, 23 септември 2007 (UTC)
-
- Сегашниот изглед е дефинитивно подобар. --Б. Јанкулоскиразговор 01:41, 24 септември 2007 (UTC)
- Морам да се согласам со останатите, особено со strich - сегашната главна страница е пожива, попријатна. --Виктор Јованоски 08:12, 24 септември 2007 (UTC)
Во ред, мнозинството одлучува, остануваме со сегашната. --Милош 09:34, 24 септември 2007 (UTC)
-
-
- Жалам што нема да се согласам со твојот предлог Милош, но еве пишувам затоа што ти го побара моето искрено и објективно мислење. Сегашната страница има поживи пастелни боички, и особено ми се допаѓа инфо-барот на врвот на страницата. Сметрам дека треба да остане сегашната. НО, тоа не е причина да не направиш некакви промени на [1]. Сметам дека можат да се направат промени во дизајнот и во боите. Поздрав. revizionist 16:41, 24 септември 2007 (UTC)
- Е, да, би било убаво да се сменат боите. Поточно, нешто слично како на порталот, во нашите, топли бои. Инаку, како што реков, адаптацијата на Милош не е лоша, ама проблемот е што француската страница не е нешто посебно, односно сегашниот изглед на нашата е подобар од тој. :D Поречанец A? 15:12, 24 септември 2007 (UTC)
- Хм, сега ме збунивте, збориме за редизајн на Главната страница или на порталот на РМ на англиската википедија? Околу пастелните бои, претходниот дизајн имаше 2 основни, од кои остана само сината (пример). Сегашниот изглед ми е некако натрупан, па сакав да ја „олабавам“ целата содржина. Белата боја не е зло, само полесно се чита на неа :).
- Имаме уште еден (постар) предлог на Boyan, повторно преработена верзија. Погледнете ја комбинацијата на бои, па ако нешто ви фати око кажете. --Милош 15:31, 24 септември 2007 (UTC)
- Е, да, би било убаво да се сменат боите. Поточно, нешто слично како на порталот, во нашите, топли бои. Инаку, како што реков, адаптацијата на Милош не е лоша, ама проблемот е што француската страница не е нешто посебно, односно сегашниот изглед на нашата е подобар од тој. :D Поречанец A? 15:12, 24 септември 2007 (UTC)
- Жалам што нема да се согласам со твојот предлог Милош, но еве пишувам затоа што ти го побара моето искрено и објективно мислење. Сегашната страница има поживи пастелни боички, и особено ми се допаѓа инфо-барот на врвот на страницата. Сметрам дека треба да остане сегашната. НО, тоа не е причина да не направиш некакви промени на [1]. Сметам дека можат да се направат промени во дизајнот и во боите. Поздрав. revizionist 16:41, 24 септември 2007 (UTC)
-
Милош, сакав да кажам дека моето мислење е дека сегашната верзија на главната страница е добра, и пријатна (но тоа е само мое мислење, со сета почит кон твојот предлог). Исто така додадов дека би можел да го смениш дизајнот и боите на Порталот за Република Македонија на англисклата Википедија. Поздрав. revizionist 17:49, 24 септември 2007 (UTC)
- Јас сакав да кажам дека мене ме бендисува вака: сегашниот изглед со промена на боите (како на порталон), со црвено и жолто. Само хедерите, коишто сега се сини, да бидат црвено-жолти, другото да си остане бело. Верувам ме сфаќате. Поречанец A? 16:09, 24 септември 2007 (UTC)
- ОК, сега ми е јасно, фала на дообјаснувањето :) Сепак, имате 2 спротивни мислења, прашање е кое да се следи :) Нека седи вака за сега, додека не се најде консензус за нов дизајн нема да менувам. За порталот на англиската ќе видам ако имам време (и нерви), бидејќи оваа ми е „матична“ википедија. --Милош 17:56, 24 септември 2007 (UTC)
[уреди] Предлог за нов шаблон за историја на Македонскиот Народ
Колеги, предлагам новиот шаблон за историја на македонскиот народ, наместо постоечкиот, да изгледа вака:
Напишете го вашето мислење. Позрдав. revizionist 20:23, 25 септември 2007 (UTC)
[уреди] Смена на шаблонот
--Виктор Јованоски 22:09, 25 септември 2007 (UTC); Мене ми се допаѓа. Првиот имаше многу слики, а овој е попрефинет. Само мислам дека е поубаво разговоров да го префрлиме на страницата за разговор на постоечкиот шаблон.
[уреди] Портал или серијал „Македонци“
Би сакал да ве прашам сите што мислите да направиме еден портал или пак серијал поврзан со македонскиот народ (Македонците) од сите негови аспекти. Значи тој портал/серијал да ги содржи сите статии поврзани со МАКЕДОНСКАТА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ И ПОСЕБНОСТ, како што се: етногенеза, географска распространетост, јазик, обичаи, етнологија, антропологија, историја идр. Односно со тоа да се зацврсти и афримира етничката посебност на Македонците, која се повеќе е напаѓана и негирана во застрашувачки размери од страна на бугари, бугарофили, бугарски пропагандисти на македонскава википедија, која би требала да има посебен однос кон сите статии што се поврзани со македонскиот идентитет! Поздрав - Македонец 22:21, 25 септември 2007 (UTC)
[уреди] Статија Македонци
Почитувани колеги, туку-што завршив со преуредување на статијата Макеоднци, вклучувајќи цитирани извори, скенирање и додавање на слики како и промени во самиот текст. Затоа што темата е важна за нас, би сакал сите корисници да направат аналза и споредба меѓу СЕГАШНАТА ВЕРЗИЈА на статијата, и НОВАТА ПРЕДЛОГ ВЕРЗИЈА со моите промени и доадатоци. П.С. Сакам да изјавам дека со ова јас не индицирам дека правам нова статија. НАПРОТИВ, им се восхитувам на оние што ја создале, и до сега допринесувале за оваа статија. Јас само го продолжувам допринесувањето, и давам една последна финеса. Поздрав. Revizionist 18:18, 05 октомври 2007 (UTC)
- Revizionist мора да ти оддадам признание за трудот што си го вложил. Статијата е супер, навистина, обемна, детална, спастрена... и пред сѐ е неутрална! Епа сеа, кој замери, нека му цркне козата! :)))) Шалата на страна, имам само некои ситни коментари. Најмногу од све у статијава ми праи ќеф тоа што не си се фатил одма за тоа како ние сме наследници на Античките Македонци, како сме имале империја до ваму-до таму, а уз пут, онака, сме и Словени. Значи стварно ти пружам рука за тоа како е објаснето кој е официјалниот став и кои се тенденциите на современите учени. Секако, да кажам, ова не значи дека јас негирам дека во нас има и несловенски гени. Него, ај сеа да не се правдам :)))). Друго: сликите се премногу и се нач'чкани, што прави овие линкчињата [уреди] да се напикани едно до друго, што пак прави текстот да изгледа грубо :((((. Мислам дека: или треба сликите да се намалат (i.e смалат), или да се стават од една страна на текстот, а некои од нив може и да се испуштат (на пример, нека стојат Чуповски и Петков-Мисирков, ама да се изостават Македонскиј голос и За македонцките работи, додека, малце погоре, сликите со носиите може да се смалат.) Може да се додаде, ако има место нели, сликата за борците од македонскиот полк во царската руска армија во која неговите припадници се декларираат како припадници на македонската нација. И секако (и неизбежно!) има некои lapsus calami и правописни грешки кои треба да се исправат и статијата да го добие правиот и заслужен сјај! Можеш да го вработиш Поречанец за ова :))))) Ај, ќе ми прости ваљда што го местам ;)... Епа тоа би имал да кажам... Ааааа, не, сеа приметив: делот за ослободителната борба во Пиринска Македонија би можел да завршува нешто у стилот: „Но, заради судирот на Југославија со Советскиот Сојуз и остатокот од Источниот блок, овој процес е прекинат.“ или нешто слично на ова, зашто сепак оваа одлука не била еднострана т.е. титова. Уффф, е сеа е готово! Уште еднаш, секоја ти чест! Поздрав! --Филип што бе? во 20:46, на 6 октомври, 2007 лето Господово
- Накратко-ми се допаѓа новото иако некако ми се чинат мали бројките за Македонците вкупно, се сеќавам пред неколку месеци поглаварот на Македонската Православна Црква на тв како да спомна бројка од четири милиони Македонци ама не сум баш сигурен. Би сакал да ја прочитам точната бројка на Македонци, вкупно на целиот свет ако е можно. Поздрав.--Nesho 19:37, 6 октомври 2007 (UTC)
Мене ми се допаѓа толку многу што уште пред да се подигне ја предложувам за избрана статија. А ја немам ни целосно прочитано. Како и да е, од она што досего го имам погледнато, имам некои мали забелешки. Прво и основно, потполно се согласувам со забелешките на Филип од едноставна причина што некои слики се навистина големи и го нарушуваат естетскиот изглед на статијата; истовремено, и јас сметам дека треба да се промени реченицата Но, заради одлуката на Тито да ги прекине врските со СССР и земјите од источна Европа, овој процес е прекинат. поради тоа што, извадена од контекст, изгледа многу негативно. Предлогот на Филип е многу попристоен и понеутрален. Од Пиринска и Егејска Македонија може да се додаде и врска кон истоимените главни статии. Уште нешто што сметам дека е навистина важно е сликата поставена во шаблонот за етничка група. Таму се прикажани Чуповски, Рацин, Ченто и Трпчевски. Сметам дека треба да додадеме уште еден ред во кој ќе ги вметнеме Милчо Манчевски (единствен македонски режисер со филм номиниран за оскар), Горан Пандев или Дарко Панчев (македонски фудбалери со светско реноме), Блаже Конески (единствен македонски добитник на Златен венец на СВП...) и уште некој репрезент на Македонија во светски рамки. Но сето ова може да се реши со договор. И не мора веднаш. Значи уште еднаш - прекрасна статија. --Виктор Јованоски 21:23, 6 октомври 2007 (UTC)
-
-
- Хех, само што се враќам од град (бев на кафе) и гледам веќе има коментари. Момци, навистина се радувам што ја прифаќате ревизијата, и моите додатоци. Фотографиите што ги скенирав се убави, но, да навистина се малку преголеми, тоа му го оставам на Филип да ги уреди. Правописните грешки (дококку се разбира има време) би можел да ги уреди Поречанец. Јас секогаш сум гледал да има неутралност. Оваа статија ги задоволува барањата за неутралност на Википедија - не се алудира на антика (не е докажана директната поврзаност), и исто така не се навлегува многу во програмата на ВМОРО. А за сликите со проминентни Македонци убаво е да ставиме само Макеоднци кои сме сигурни дека имаат искристализирано национално чувство. За тоа дали ќе стои Пандев и Манчевски нема проблем, ќе се договориме понатаму. П.С. предлагам пткако ќе ја ставиме да се даде администартивно предупредување на оние корисници кои ја ставаат сликата на Клеопатра или Александар Велики во оваа статија - според мене тоа е апсурно. П.П.С. Прифатена е забелешклата за судирот Тито-Информбиро, беше направена од брзање. Само што ја поправив. Поздрав дечки. Revizionist 24:40, 07 октомври 2007 (UTC)
-
-
-
- На мојата страница за разговор, и Поречанец. Тјуха и БЈанкуловски ја одобрија новата верзија. Треба да кажам дека ги намалив сликите (некои од нив навистина беа преголеми) и 85% од промена на сликите од Филип е прифатена. Исто така го сменив и делот со Тито и Коминтерната (одлуката не е еднострана) но од брзање знаеш како е. И еве ја префрлив ревизијата од Мојата страница на статијата Македонци.Поздрав. Revizionist 13:41, 07 октомври 2007 (UTC)
-
-
-
-
- П.С. Предлагам на корисникот Поречанец да му се додели орден за исклучителни доприноси во википедија на полето на правоприсната ревизија. Благодарам однапред. Revizionist 13:51, 07 октомври 2007 (UTC)
-
-
[уреди] Викиречник
Здраво луѓе,
работев деновиве на Викиречникот. Направив понуда за главна страна и статија. Во меѓувреме се (м)учам да направам шаблон во ХТМЛ и ПХП за внесување на зборови и автоматско правење на Викиречник статии. Секоја помош е добредојдена, мислења посебно. Како ви се допаѓа новата главна страна и шаблонот? Што би требало да се додаде или одземе? Повелете со коментари во разговорите на Викиречникот.
Поздрав. (Toci 23:51, 26 февруари 2008 (UTC))