Портал:Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
Македонија е етнички, географски и историски регион на Балканскиот Полуостров во југозападна Европа, со површина од 67,741.2 km2 и население од 4.65 милиони жители (од кои 69.08% се етнички Македонци).
По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495–450 п.н.е п.н.е).
Аминта III (ц. 393–370 п.н.е) за прв пат ја централизирал власта во Македонија.
Кралот Филип II извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонесле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го совладал отпорот на локалните племиња и Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја завземал aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон.
Александар III, попознат како Александар Македонски или Александар Велики е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Eден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, ги проширил границите на Античка Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-Македонци во неговата војска и администрација, воден од идејата да создаде светска држава.
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест и Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Птоломеј I1 • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III • Антипатар1 • Филип III Аридеј2 • Александар IV2 • Пердика1 • Антипатар1 • Полиперхон1 • Касандар1 | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II | |
Антигониди | Деметриј I Полиоркет • Лизимах и Пир Епирски • Птоломеј II Керавн • Мелегар • Антипатар II • Состен • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
1 Регент на Македонија 2 Формално крал |
Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север).
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикумската префектура создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските провинции станале дел од Источен Илирикум. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.
Портал:Македонија/Македонија за време на Византиското царство
По битката кај Беласица во 1014 со византиската војска предводена од императорот Василиј ІІ Бугароубиец, војската на цар Самоил била поразена при што 14.000 војници биле заробени и ослепени. Самуиловото царство и после оваа битка останало независно се до 1018 кога повторно потпаѓа под византиска власт.
Портал:Македонија/Македонија за време на Отоманското царство
Една од најзначајните личности од тоа време бил револуционерот Гоце Делчев, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).
Портал:Македонија/Македонија за време на балканските војни
Портал:Македонија/Македонија за време на првата светска војна
Портал:Македонија/Македонија помеѓу двете светски војни
Портал:Македонија/Македонија за време на втората светска војна
- Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија
- Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
- Решението на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава
- Решението на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава.
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто.
Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската Православна Црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар.
На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија.
Методија Андонов - Ченто поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, после неколку месеци народната милиција го апси пред неговата куќа во Прилеп, по неколку месеци од неговото апсење во дводневен монтиран судски процес осуден е на 11 години робија. Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев. Уставотворното Собрание на НР Македонија го усвојува првиот Устав на НР Македонија. Формирано е Друштвото на писателите на Македонија. Основана е Македонската опера. Информбирото донесува резолуција со која се осудува комунистичка Југославија. Основан е Македонскиот балет. Основан е Институтот за национална историја. Одржан е Првиот конгрес на Комунистичката партија на Македонија. Основан е Универзитетот Кирил и Методиј. Формиран Македонскиот фудбалски сојуз. Основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации. Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска Православна Црква. 1963 г. катастрофален земјотрес во Скопје.
Прогласена е афтокефалноста на Македонската Православна Црква. 1968 се одржуваат демонстрации на Албанците во Тетово. 1974 Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата. Собранието на СФРЈ го избира за свој претседател Киро Глигоров. 1988, во Скопје е одржана Првата светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија. 1989, Димитар Илиевски - Мурато првиот Македонец што се искачил на Монт Еверест. Словенија прогласува независност од СФРЈ. 1991, се одржува конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание на Република Македонија. Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија. Киро Глигоров е избран за Претседател на Социјалистичка Република Македонија. Формирана е првата посткомунистичка влада во Република Македонија, на чело со Никола Кљусев. Од официјалното име на Македонија е избришана одредницата „социјалистичка“. Хрватска и Словенија ја објавуваат својата независност од Југославија. Претседателството на СФРЈ усвои одлука за повлекување на силите на ЈНА од Словенија. Донесена е одлука за распишување на референдум за независност на Република Македонија. Собранието на Република Македонија го усвои Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.
Повеќе информации на порталот за Република Македонија.
Филип II Македонски Крал на Македонија |
382 п.н.е– 336 п.н.е |
Александар III Македонски Крал на Македонија, Хегемон на Хеленистичката Лига, Шах на Персија, Фараон на Египет |
356 п.н.е–10 јуни, 323 п.н.е |
Цар Самуил Владетел на Самоиловото Царство |
958 - 6 октомври, 1014 |
Гоце Делчев Македонски револуционер |
4 февруари, 1872 - 4 мај, 1903 |
Методија Андонов - Ченто Претседател на Президиумот на АСНОМ |
18 август, 1902 - 24 јули, 1957 |
Портал:Македонија/галерија на слики