Исус Христос
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дел од серијалот Христијанство |
|||
Историја на христијанството |
|||
Христијанска теологија |
|||
Христијански звања Христијански движења |
|||
Синот Божји – во христијанството е второто лице (ипостас) на Светото Тројство. Исто така се нарекува уште и Бог Слово (Логос), кој поради спасувањето на човечкото општество од неговите гревови се “претворил“ и станал човек – Исус Христос - Син Божји и Син Човечки, Спасителот. Христијанството како Син Божји го разбира и го гледа во Христос.
Исус Христос познат уште и како Исус од Назарет, е едно од трите лица на Бог во христијанството и пророк во исламот. Името Ιησούς (Исус) е грчка форма на еврејското име Јешуа (Спасител), а Χριστός (Христос) е грчки превод на Машија (Месија – Божји Избраник).
Основни податоци за животот и учењето на Исус се четирите евангелија во Новиот завет: на Матеј, Марко, Лука и Јован.
Според некои истражувачи Исус е еврејски учител од Галилеја, кој е сметан за исцелител, крстен од страна на Јован Крстителот, обвинет за противдржавна дејност против Римската Империја и по заповед на римскиот гувернер Понтиј Пилат осуден на смрт преку распнување на крст.
Христијаните сметаат дека Исус е Син Божји, второ лице(ипостас) на Света Троица, испратен да донесе спас и помирување со Бога преку простување на човечките гревови.
Исто така, христијаните веруваат дека Исус е роден од девица и дека воскреснал третиот ден по распнувањето на крст.
Во исламот, пак, се смета дека Исус (на арапски Иса) е еден од најсаканите и најважни пророци, носител на божествени пораки и Месија. За разлика од христијанството, муслиманите не веруваат во распнувањето на крстот и божественото потекло на Исус. Според исламот Иса е жив на небото и ќе се врати на земјата како Месија, придружен од Махди.
Исус проповедал дека луѓето треба да го љубат Бога и своите блиски како што Бог ги љуби нив.
Според евангелијата архангелот Гаврил и соопштил на Дева Марија дека ќе забремени од Светиот Дух. Во нив е наведено и дека Исус Христос се родил во градот Витлеем, во областа Галилеја во северна Палестина.
Најчесто среќаваните дати за раѓањето на Исус се 754 и 749 година по основањето на Рим.
До триесетгодишна возраст Исус живеел во градот Назарет, а по Неговото крштевање во реката Јордан од страна на Јован Крстителот започнува да проповеда, собирајќи околу себе дванаесет ученици наречени апостоли.
Пред да биде предаден од страна на еден од неговите ученици (Јуда) за 30 сребреника на синедрионот, Тој на Тајната вечера говори за неговата судбина и за предавството на еден од апостолите. На полноќ заминува во Гетсиманската градина (близу Ерусалим) заедно со Петар, Јаков и Јован. Таму е уапсен и потоа е распнат на крст на месноста Голгота во Ерусалим. Третиот ден по неговото погребување, во недела, Исус воскреснува. По воскреснувањето, Исус најпрвин и се јавува на Марија Магдалена а потоа и на сите свои ученици.
На 40 ден Исус во присуство на своите ученици се вознесува на небото.