6 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Јули 2008
6 јули е 187-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (188-и во престапна година). Остануваат 178 денови до крајот на годината.
Настани:
1535 | Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква. |
1885 | Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче. |
1908 | Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II. |
1928 | Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија. |
1957 | Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси. |
1964 | Малави прогласува независност од Обединетото Кралство. |
1966 | Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател. |
2002 | Светиот архиерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ. |
Родени:
1818 | Адолф Андерсен, германски шахист. |
1907 | Фрида Кало, мексиканска сликарка. |
1927 | Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот Психо. |
1946 | Силвестер Сталоне, американски актер; познат по своите неколку пати репризирани улоги во Роки и Рамбо. |
1946 | Џорџ Буш, 43от американски претседател. |
Починале:
1415 | Јан Хус, чешки рефораматор. |
1533 | Лудовико Ариосто, италијански поет. |
1893 | Ги де Мопасан, француски писател, мајстор на расказот. |
1962 | Вилијам Фокнер, американски писател и Нобелов лауреат. |
1971 | Луj Армстронг, американски трубач и џез музичар. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |