24 јули
Од Википедија, слободна енциклопедија
24 јули е 205-иот ден во годината според григоријанскиот календар (206-и во престапна година). Остануваат 160 денови до крајот на годината. Шаблон:Јули 2008
Содржина |
[уреди] Настани
1823 | Укинато е ропството во Чиле. |
1908 | Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција. |
1923 | Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишаа Лозанската декларација, врз основа на која е извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и на муслиманското население од Грција во Турција, со што во голема мера е изменет националниот состав на Егејска Македонија. |
1946 | Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија. |
2002 | Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија. |
[уреди] Родени
1783 | Симон Боливар, јужно-американски борец за независност. Истиот ден се слави како Ден на Симон Боливар во Еквадор. |
1802 | Александар Дима Таткото, француски писател. |
1828 | Николај Чернишевски, руски писател, критичар и револуционер. |
1969 | Џенифер Лопез, американски актерка и пејачка. |
[уреди] Починале
1957 | Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Роден е во Прилеп, на 17 август 1902 година. |
1974 | Џејмс Чедвик, англиски физичар, откривач на неутронот и Нобелов лауреат во 1935 година. |
1980 | Питер Селерс, британски филмски актер, комичар. |
1991 | Исак Башевис Сингер, американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин. |
2000 | Клод Соте, француски филмски режисер-оскаровeц. |
[уреди] Празници
Еквадор - Ден на Симон Боливар. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |