16 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
16 јануари е 16-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 349 денови до крајот на годината (350 во престапна).
Настани:
1547 | Кнезот Иван Четрврти, во историјата познат како Иван Грозни, во Москва е крунисан за руски цар. За време на неговото владеење посебно до израз дојдоа царскиот апсолутизам и централизација на земјата во која дотогаш големо значење имаа угледните семејства. |
1778 | Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фаст, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција. |
1920 | Во САД е воведена прохибиција на производството, на точењето и уживањето на алкохолни пијалоци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја. |
1996 | Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски. |
Починале:
1957 | Артуро Тосканини, италијански оперски и симфониски диригент, еден од најпознатите диригенти на сите времиња. |
1962 | Иван Мештровиќ, вајар, еден од најголемите светски уметници. |
1991 | Густав Влахов, првоборец, носител на „Партизанска споменица 1941“ и општествено-политички работник. |
1997 | Олга Милосавлева, македонска балерина, кореограф и педагог. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |