18 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
18 јануари е 18-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 347 денови до крајот на годината (348 во престапна).
Настани:
1778 | Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри Хаваите. |
1991 | Парламентот на Јордан ги осуди воздушните напади на Ирак во операцијата „Пустинска бура“ и ги повика арапските и исламските земји на акција против интересите на САД и на државите кои учествуваат во бомбардирањето на ирачките цели. Истиот ден, Ирак истрела осум ракети „скад“ врз Израел, во обид да ја вовлече еверејската држава во војната во Заливот. |
1992 | Самонаречената Турска Република Северен Кипар ја призна независноста на Република Македонија. |
1995 | Република Молдавија ја призна Република Македонија. |
1995 | Струмица стана членка на Федерацијата на карневалските градови. |
1996 | Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба. |
1997 | Австрискиот канцелар Франц Враницки поднесе оставка на функцијата по 11 години служба. |
2000 | Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада. |
Родени:
1689 | Шарл Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. |
1916 | Волче Наумчески, македонски писател. |
Починале:
1862 | Константин Миладинов, македонски поет, собирач на македонски народни песни и умотворби. |
1936 | Радјард Киплинг, англиски писател. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |